Фактоје: Министерот Лешај со неточни податоци за смртните случаи од сообраќајни несреќи

 

Сообраќајните несреќи, особено оние што резултираа со смрт, се загрижувачки феномен во Албанија. Албанското МВР презеде мерки за намалување на несреќите, а министерот за внатрешни работи  Сандр Лешај рече дека јануари беше позитивен месец за намалување на смртните случаи од собраќајни несреќи.

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ ја анализираше оваа изјава на министерот Лешај преку податоците што ги објавија официјалните институци и констатираше дека таа е невистинита.

На 27 јануари, министерот Лешај изјави дека 2020 година ќе биде година на безбедност на патиштата и дека јануарскиот биланс резултираше со позитивен баланс.

Но, проверката на „Фактоје“ и податоците на ИНСТАТ за сообраќајни несреќи што резултираат со смрт во последните три години, покажуваат дека ваквите сообраќајните несреќи се во нагорен тренд. Имено, во јануари 2020 имало 16, во 2019 имало 15, а во јануари 2018, бројот на загинатите во собраќајни несреќи бил 13. Со овие аргументи „Фактоје“ изјавата на министерот Лешај ја оцени како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција