Фаучи и Мајка Тереза не се во роднинска врска

Фото: Wikipedia, By Cmichel67 - Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=137876103

Американски лекар-научник и имунолог Ентони Фаучи и Мајка Тереза не се родниниски поврзани. Таа ниту му е мајка, ниту пак тој и е внук. Мајка Тереза немала деца, па следствено на тоа не можела да му биде ниту мајка, ниту баба на Фаучи, ниту пак, има било какви докази дека тие се родниниски или било како друго поврзани

Американски лекар-научник и имунолог Ентони Фаучи и Мајка Тереза не се родниниски поврзани. Таа ниту му е мајка, ниту, пак, тој ѝ е внук. Мајка Тереза немала деца, па следствено на тоа не можела да му биде ниту мајка, ниту баба на Фаучи, ниту пак, има било какви докази дека тие се родниниски или било како друго поврзани

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи и хуманитарката Мајка Тереза се роднини и дека тој ги ништел луѓето со корона по цел свет. И двете тврдења се неточни.

Внукот фаучи на Хуманитарката лажна Мајка тереза ги ништеше луѓето со короната по цел свет све се знае

Ентони Фаучи, американски лекар-научник и имунолог кој работеше како директор на Националниот институт за алергиии и заразни болести од 1984 до 2022 година и беше главен медицински советник на претседателот од 2021 до 2022 година, за време на пандемијата со коронавирусот, беше честа мета на лажни и измислени тврдења.

Таква е и неодманешната објава на Фејсбук која промовира лажни тврдења дека Фаучи и Мајка Тереза се во роднинска врска, односно дека тој ѝ е внук. Ова не е точно.

Фаучи е роден во Њујорк на 24 декември 1940 година во семејството на Стивен и Евгенија Фаучи. Тој е второ дете на првата генерација италијанско-американски родители.

Детална семејна историја со фотографии, нацрт-картички и документи за имиграција за семејството Фаучи беше составена од генеалогот Бредли Гренланд. Таму има податоци како за родителите на Фаучи, така и за бабите и дедовците на Фаучи од двете страни. Во ниту еден од документите не се спомнува името на Мајка Тереза како било каква роднина на Фаучи, ниту, пак, таа имала друга поврзаност со неговото семејство кое е по потекло од Италија.

Според биографијата на Мајка Тереза, таа е родена на 26 август 1910 година во Скопје, Македонија. На 18-годишна возраст, во 1928 година, таа им се придружила на редот на Сестрите од Лорето во Калкута, Индија, пред да ги основа Мисионерките на милосрдието во 1950 година. Жените кои се придружуваат на верските наредби, како Мајка Тереза, преземаат доживотни завети за чистота. Нема индикации Мајка Тереза некогаш имала деца. Нејзиното прво патување од Индија во Соединетите држави било во јануари 1960 година, многу по раѓањето на Фаучи во Њујорк.

Таа беше прогласена за светица во Римокатоличката црква во 2016 година од папата Франциск.

Ова не е прв пат невистинито да се тврди дека Фаучи и Мајка Тереза се во роднинска врска. Во 2021 година веб-страница која шири теории на заговор сподели лажно тврдење дека д-р Ентони Фаучи е син на Мајка Тереза. Тврдењата за поврзаноста на Мајка Тереза со Фаучи произлегуваат од напис на Dark Outpost, веб-страница која претходно објавила дека Клинтонови „биле егзекутирани во 2018 година“и дека американскиот претседател Џо Бајден „е компјутерски генериран“.

Но, вистината е дека Фаучи и Мајка Тереза не се родниниски поврзани. Таа ниту му е мајка, ниту, пак, тој ѝ е внук. Мајка Тереза немала деца па следствено на тоа не можела да му биде ниту мајка ниту баба на Фачи.

Во објавата исто така се тврди дека Фаучи „ги ништел луѓето со короната по цел свет“. Ова е уште една дезинформација. Појавата и ширењето на коронавирусот немаат никаква врска со Фаучи.

Пандемијата на ковид 19 е глобална пандемија на коронавирус – заразна болест предизвикана од тешкиот акутен респираторен синдром коронавирус 2 (САРС-КоВ-2). Првите случаи на новиот коронавирус првпат беа откриени во Кина во декември 2019 година, при што вирусот брзо се прошири во други земји ширум светот. Ова доведе СЗО да прогласи вонредна состојба за загрозување на јавното здравје на 30 јануари 2020 година и да ја окарактеризира појавата како пандемија на 11 март 2020 година. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК беше изолиран.

Ширењето на вирусот како и неговите последици, кои неретко беа смртоносни, исто така немаат никаква врска со Фаучи. Вирусот може да се шири од устата или носот на заразеното лице во мали течни честички кога кашла, кива, зборува, пее или дише. Овие честички се движат од поголеми респираторни капки до помали аеросоли.

Фаучи е познат по тоа што беше член на Работната група за справување со коронавирусот во Белата куќа, формирана кон крајот на јануари 2020 година, под претседателот Доналд Трамп, за да се справи со пандемијата на ковид-19. Тој стана де факто портпарол на јавното здравство за време на пандемијата и силен поборник на напорите за социјално дистанцирање во Соединетите Држави. Поради ова, тој стана мета на многу теории на заговор и дезинформации особено од антиваксерските движења.

По сите набројани факти можеме да заклучиме дека Фаучи и Мајка Тереза не се во роднинска врска, ниту тој „ништел луѓе со корона по цел свет“. Овие тврдења се неточни и затоа објавата која што е предмет на рецензија ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција