Гасификацијата и Град Скопје

Во реакцијата на град Скопје на прес-конференцијата одржана од страна на СДСМ во врска со гасификацијата на градот, меѓу останатото се напоменува и дека:

[…] процесот на гасификација на градовите во Република Македонија, според законските надлежности, е во рацете на Владата на Република Македонија, а Градот Скопје е должен да ги координира сите свои активности на тој план со централната власт. […]

Сепак, и покрај тоа што самите напоменуваат дека за процесот на гасификација е надлежна централната власт, а не локалната, доколку се погледнат последните две предизборни програми на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, може да се забележи дека процесот на гасификација на градот зазема место како еден од клучните проекти на градоначалникот.

Koce 2009
Изборна програма 2009-2013. Кликнете врз фотографијата за поголема верзија

Koce 2013
Изборна програма 2013-2017. Кликнете врз фотографијата за поголема верзија

 

Од тука се поставува прашањето, зошто процесот на гасификација постојано се провлекува во предизборните програми на градоначалникот Трајановски како еден од главните проекти, доколку се свесни дека овој процес не е под нивна надлежност, туку под надлежност на Владата на Република Македонија?

Треба да се напомене дека ова и не е првиот случај кога од страна на градот Скопје се негира дека одредена работа е под нивна надлежност, а истата таа работа може да се пронајде во предизборната програма на Коце Трајановски.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција