Гасификацијата на Крива Паланка тапка во место

Крива Паланка е покрај гасовод, а уште чека на гасификација. Фото: Општина Крива Паланка

 

Проект: Гасификација на градот Крива Паланка

Опис: Веќе е изготвен проект кој опфаќа 7 км главна гасификациска мрежа заедно со споредните краци. Општината за гасификацијата на Крива Палан­ка во претходниот период има изготвено основен изведбен проект заедно со ревизија, има усвоено физибилити-студија за гасификација на Крива Па­ланка и има донесено одлука за отпочнување постапка за јавно-приватно партнерство. Огласот се планира да се распише во текот на 2013 година. (Средства: 27.670.000,оо денари, Извор на финансирање: Јавно-приватно партнерство, Рок за реализација: 2013-2014, согласно со динамиката на акцискиот план на самиот проект.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Гасификација на градот Крива Паланка вети Арсенчо Алексовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Крива Паланка на локалните избори во 2013 година. Алексовски, кој тогаш  се бореше и доби нов градоначалнички мандат,во својата изборна програма, на стр. 17 се обврза дека до крајот на следната година по изборите (2014), градот ќе биде гасифициран преку модел на јавно-приватно партнерство. Според утврденото, ова ветување е неисполнето.

Во ветувањето Алексовски зборува за чекорите за гасификација направени во текот на претходниот мандат, односно, дека изготвен е основен изведбен проект заедно со ревизија, усвоена е физибилити-студија и донесена е одлука за отпочнување постапка за јавно-приватно партнерство.

Пребарувањето на интернет и преку македонските агрегатори за вести „Тајм“ и „Грид“ (со различни термини) дава многу малку резултати за тоа до каде е напредната ситуацијата со ветената гасификација. Добиените информации говорат дека работите стојат во место.

И пребарувањето на веб-сајтот на општина Крива Паланка за информации за гасификација даваат ист резултат, односно, само информации за постапки направени во претходниот мандат на Алексовски. На пример, дека фирмата што ја изготвувала проектната документација, ја предала на општината уште на 11 мај 2012 година. Меѓутоа, други информации нема.

така што, според проверката на „Вистиномер“, ветувањето на Арсенчо Алексовски за гасификација на градот Крива Паланка, кој е многу блиску до главниот гасовод со кој моментално се дотура гас кон Скопје, е неисполнето.

 

ИЗВОРИ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција