Искривена слика за учебникот по Историја и општество за 4 одделение

Фото: pixabay.com

Во четврто одделение не постои предмет само Историја, туку предметот се вика Историја и општество и во него, освен теми од општество, како што се оние прикажани на фотографијата во постот, има и теми од македонската историја. Учебниците за 4 одделение се достапни онлајн на е-библиотека и во електронска форма и секој може да го види и симне учебникот

Во четврто одделение не постои предмет само Историја, туку предметот се вика Историја и општество и во него, освен теми од општество, како што се оние прикажани на фотографијата во постот, има и теми од македонската историја. Учебниците за 4 одделение се достапни онлајн на е-библиотека и во електронска форма и секој може да го види и симне учебникот

 

 

Пост на Фејсбук манипулира со содржината на учебникот по „Историја за 4 одделение“ со цел политички да поентира, односно да ја нападне Владата.

Ова било содржината на учебникот по ИСТОРИЈА за 4то одделение. Училишна програма наметната од неолибералите за колонии како севернава вукојебина. Ставот на едниот квинслиг Мурто, е повеќе од јасен зошто он ја наметнува оваа програма од позиција на власт. Кој е ставот на другиот квинслиг Курто за наметнување на оваа програма? Не на некои членови што филозофираат дали се согласуваат или не, туку на официјалното раководство, на ШПИЦНИОТ кандидат, на оние што боцкаат мачмалоу и шпагети, пишува во објавата.

Постот е придружен од фотографија на која е прикажан само еден дел од содржината на учебникот.

Во четврто одделение не постои предмет само Историја, туку предметот се вика Историја и општество и во него, освен теми од општество, како што се оние прикажани на фотографијата во постот, има и теми од македонската историја. Учебниците за 4 одделение се достапни онлајн на е-библиотека и во електронска форма и секој може да го види и симне учебникот.

Доколку го отворите истиот, ќе видите дека лекциите се поделени во три дела. Првиот дел е „Моето опкружување“ во кој се лекциите прикажани на фотографијата во постот, вториот дел е „Средината во која живеам“ во кој има лекции за население, општина и симболи на општината, градоначалник, екологија, стопански дејности и слично и третиот дел е „Мојата држава“ во кој има лекции за Илинденското востание, Крушевската Република, АСНОМ, Рефререндумот за независнот и други.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот свесно манипулира со јавноста прикажувајќи само дел од содржината на учебникот. Според тоа на постот му недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција