Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

Фото: kavadarci.gov.mk

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа е изградена и пуштена во употреба во јули минатата година (2022). Ова изборно ветување на градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено неколку месеци подоцна од изборно проектираниот рок за завршување на салата – јануари 2022 година

На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев  на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“:

Спортската сала е отпочната, ќе ја завршиме на почетокот на мандатот, во наредните три месеци. Очекуваме во месец јануари да биде пуштена во функција. Ќе добиеме спортска сала во којашто ќе ги има сите спортски реквизити за нашите дечиња да имаат солидно спортско образование…

[Извор:Фејсбук профил на градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев (од 27,50 до 28,30 минута од видеото);  Датум: 28.09.2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа е изградена и пуштена во употреба во јули минатата година (2022). Ова изборно ветување на градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено неколку месеци подоцна од изборно проектираниот рок за завршување на салата – јануари 2022 година.


Спортската салата почна да се гради летото  пред локлните избори, на 31 август 2021 година,  а беше целисно  изградена  и официјално предадена  во употреба на 28 јули 2022 година. Салата е со површина од 400 метри квадратни и е опремена со современи спортски реквизити.

Информации и фотографии за ова се објавени во дел од медиумите и на веб-страницата на Општина Кавадарци.

Фото: kavadarci.gov.mk

Спортската сала  се споменува и меѓу реализираните проекти во Отчетот (стр.3) на градоначалникот Јанчев за  првата година од неговиот втор мандат. За реконструкцијата на овој спортски објект е наведено:

Изградба на Спортска сала во О.О.У „Димката Ангелов Габерот с.Ваташа, Кавадарци. После многу години, село Ваташа доби современа спортска сала.

 

ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција