Измама: Данела Арсовска не создала „платформа за инвестирање“

Лажниот промотивен материјал користи техники кои во заблуда ги доведуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук односно им се ветуваат неверојатни суми на пари доколку дадат 150 евра од својата сметка, а кога ќе се кликне на линкот оставен на сајтот, тој води до полиња на кои од корисниците се бара да остават свои лични податоци, име презиме и телефонски број за потоа да бидат контактирани и да бидат разубедени да „инвестираат“

Лажниот промотивен материјал користи техники кои во заблуда ги доведуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук односно им се ветуваат неверојатни суми на пари доколку дадат 150 евра од својата сметка, а кога ќе се кликне на линкот оставен на сајтот, тој води до полиња на кои од корисниците се бара да остават свои лични податоци, име презиме и телефонски број за потоа да бидат контактирани и да бидат разубедени да „инвестираат“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Скандал во Македонија, дали таа повеќе не е градоначалник?

Во склоп на објавата се споделува линк и фотографија од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Линкот води до фабрикувана, лажна страница на која е споделено непостоечко и измислено „новинарско истражување“ во кое, пак, освен фотографиите на Арсовска злоупотребени се и фотографијата на експремиерот Зоран Заев, логото на една од најголемите банки во С. Македонија, како и логото на веб-страницата „Кајгана“. Сето тоа е направено за лажно да се претстави дека и Арсовска и Заев „заедно креирале инвестициска платформа која со помош на вештачка интелигенција наводно генерира приход за секој што ќе „инвестира“ минимум 150 евра“. Ова е невистина.

Лажниот промотивен материјал користи техники кои во заблуда ги доведуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, односно им се ветуваат неверојатни суми пари доколку дадат 150 евра од својата сметка, а кога ќе се кликне на линкот оставен на сајтот, тој води до полиња на кои од корисниците се бара да остават свои лични податоци, име презиме и телефонски број за потоа да бидат контактирани и да бидат разубедени да „инвестираат“.

На страницата генерирани се и лажни „позитивни искуства на досегашни корисници на инвестициската платформа“, но и се врши притисок да се реагира веднаш, односно корисниците на социјалната мрежа Фејсбук да немаат доволно време да размислат дека нешто со оваа понуда не е како што треба, па им се сугерира и дека „има само уште 3 преостанати места“. На страницата се изработени и лажни бројчаници со кои се вели дека досега луѓе од Македонија „заработиле“ 21 милион 421 илјада и 80 денари односно до илјада денари на час. И ова е измислица, маркетиншки трик за да се измамат граѓаните.

Како што „Вистиномер“ веќе има пишувано, доколку една понуда на социјалните мрежи изгледа премногу добра за да биде вистинита – таа најверојатно и не е вистинита. Во конкретниот случај бескрупулозно се користат имињата, фотографиите и репутациите на познати личности во земјава, актуелни и поранешени  функционери, за рекламата да го натера обичниот граѓанин да поверува дека и тој може да го постигне истото. Меѓутоа, оваа финансиска платформа не е креирана од горепосочените лица.

Легитимни инвестициски понуди се обврзни да имаат одредени елементи според законите на С. Македонија. На пример, мора да се знае во што се инвеситра, а тоа во пондата не е наведнео или, во најдобар случај, е наведено во завиена форма. Потоа, мора да се знае кој е инвестицискиот советник, кој мора да поседува сертификат од Комисијата за хартии од вредност (КХВ), потоа, треба да се знае кој е брокерот преку кој ќе бидат купени уделите или акциите или пркеу кого ќе се изврши вложувањето на средствата, а кога станува збор за инвестициски понуди од странство, пак, каква што оваа, мора да се знае кој е застапникот овде во земјава и да се добие дозвола за понудата и нејзиното промовирање од КХВ. И на крај, мора да постои и секција која ќе објасни кои се ризиците од одлуката за инвестирање, поточно изјава во која ќе биде наведено дека од инвестицијата може да се заработи, но и дека таа со себе носи и ризик, кој може да доведе до загуба на дел или на сите вложени средства. Ништо од овие предуслови нема во оваа „понуда“.

Измислен е буквално целиот маркетинг материјал за промоција на оваа платформа, пласирани се екстремно високи проектирани бројки за „заработка“, споделени се искуства од „корисници“ со фотографии генерирани или земени од интернет на кои им се дадени имиња и презимиња од други луѓе. Сето тоа навестува дека оваа клик-бејт реклама има за цел да измами.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција