Kallxo.com: 27 дена од владата на Хоти, масовните тестирања останаа само ветување

Авдула Хоти. Фото: Kallxo.com

Поминаа 26 дена откако Хоти вети дека справувањето со пандемијата е приоритет и дека првиот чекор во тој приоритет е да се зголеми капацитетот за тестирање. Истото ветување неколку пати го повтори министерот за здравство, Арменд Земај, но не се исполнети до моментот на објавувањето на рецензијата

 

Досега не се додадени можности за масовно тестирање. Во последните 24 часа беа тестирани само 231 примероци, од кои 122 тестирани позитивни или 52% од тестираните.

Покрај тоа, по препорака на Министерството за здравство започна имплементацијата на новото упатство за тестирање, со кое се бара асимптоматските лица да не бидат тестирани, дури и ако се во контакт со лица заразени со COVID-19.

Затоа, Kallxo.com, oва ветување на премиерот Хоти го оцени како неисполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција