Кашлањето нема да ви помогне да преживеете срцев удар

Фото: PexelsPixabay

Во објавата се опишува наводна техника за која се тврди дека лицето што има срцев удар може да си помогне и да преживее со повеќекратно силно кашлање. Но, медицински професионалци од различни делови на светот и сервиси за проверка на фактите пишуваат дека оваа метода не е делотворна и нема да помогне при случаи на срцев удар, кога најдобриот совет е веднаш да се повика итна медицинска помош

Во објавата се опишува наводна техника за која се тврди дека лицето што има срцев удар може да си помогне и да преживее со повеќекратно силно кашлање. Но, медицински професионалци од различни делови на светот и сервиси за проверка на фактите пишуваат дека оваа метода не е делотворна и нема да помогне при случаи на срцев удар, кога најдобриот совет е веднаш да се повика итна медицинска помош

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Дали некогаш сте размислувале за тоа. Кога си сам и имаш срцев удар. Што ќе правиш тогаш?
Ретко добра објава која не може да се сподели доволно често:
 1. Направете 2 минути пауза и прочитајте го ова: Да речеме дека е 17:25 часот и се возиш дома по необично напорен ден на работа.
2. Навистина сте уморни и фрустрирани. Одеднаш те болат градите. Почнува да зрачи во раката и вилицата. Се чувствува како да те бодат во градите и срцето. На само неколку милји сте оддалечени од најблиската болница или дом.
3. За жал не знаете дали ќе успеете.
4. Можеби сте зеле обука за оживување, но личноста која го води курсот не ви кажала како да си помогнете.
5. Како да преживеете срцев удар кога сте сами кога тоа се случува? Лицето кое се чувствува слабо и чие срце силно чука има само околу 10 секунди пред да изгуби свест.
6. Но, можете да си помогнете со кашлање повеќепати и многу силно! Земете длабоко здив пред секоја кашлица. Кашлицата треба да се повторува секоја секунда додека не стигнете во болница или додека срцето не почне да чука нормално.
7. Длабокото дишење дава кислород на белите дробови, а движењата за кашлање го стимулира Срцевиот притисок исто така помага да се врати нормална функција на срцето. Еве како жртвите на срцев удар можат да стигнат во болница за правилно лекување.
8. Кардиолозите велат дека ако некој ја добие оваа порака и ја пренесе на 10 луѓе, можеме да очекуваме да спасиме барем еден живот.
9. Со ширење на оваа порака помагате да се спасат животи.
 КОПИРАЈ (држете го прстот, кликнете на текстот и изберете копија, одете на вашата страница и каде на друго место сакате да пишувате, повторно изберете прст и залепи го копираното. 
ОВА СПАСУВА ЖИВОТ.

Повеќе светски проверувачи на факти имаат оценето дека оваа метода опишана во објавата што ја рецензираме е неефикасна и не е вистина дека ќе спаси некого од срцев удар.

Ова не е признаена форма на третман и може да ги влоши работите. Ако мислите дека некој има срцев удар веднаш повикајте брза помош, пишуваат проверувачите на факти на Фул Фект.

Медицинскиот совет споделен од Британската фондација за срце гласи:

Апсолутниот приоритет кога ќе помислите на некој што има срцев удар е да се повика итната помош.

Симптомите на срцев удар може да вклучат болка во градите и болка што се шири кон рацете, но има и комбинации на други знаци.

Процедурата опишана во објавата што ја рецензираме, не е поддржана од Британската асоцијација за срце, ниту од Советот за реанимација на Обединетото Кралство (професионално тело кое ги тренира луѓето да даваат итна медицинска помош и објавува водичи за таа намена).

И двете тела, според она што го наведуваат проверувачите на факти на Фулфект, изразиле загриженост дека оваа техника која е опишана во објавата би можела да забави некого да повика итна помош.

Во објавата не се прави разлика меѓу срцев удар и кардијак арест. Срцев удар се случува кога дотокот на крв до срцето е блокиран, што може да доведе до тоа срцето да нема кислород, што потенцијално може да предизвика сериозно мускулно оштетување. Лицето што е во ваква состојба ќе биде во болка но свесно и ќе дише.

Во кардијак арест, срцето ненадејно запира и без предупредување, што доведува до тоа лицето брзо да изгуби свест. Ова значи дека човек што страда од кардијак арест, нема да биде во состојба да кашла како што се препорачува во објавата.

Советот за реанимација на Обединетото Кралство вели дека поголемиот дел од луѓето што имаат срцев удар нема да имаат кардијак арест, и со обидите да кашлаат може да си ја влошат состојбата, пишува Фулфект.

Британската фондација за срце предупредува дека луѓето коишто се во кардијак арест нема да бидат свесни, ќе им треба реанимација и треба да се викне брза помош.

Систематски преглед на алтернативните методи за реанимација е објавен од страна на Универзитетот Варвик (февруари 2021 година) и  таму стои дека „техниката нема бенефит за спасување животи”.

Водечкиот автор на прегледот, доктор Кристофер Смит, клинички предавач на Варвик Медицинското школо вели:

Тие што имаат болки во градите и не се чувствуваат добро, треба да бараат медицинска помош без одложување. Раната интервенција од јавноста има најголем импакт врз преживувањето, пишува Фулфект.

Советот даден во објавата што ја рецензираме на социјалните мрежи циркулира од 1999 година и бил рецензиран од Сноупс.

Советот за реанимација на Обединетото Кралство смета дека оваа гласина е многу лабаво поврзана со некои академски студии на случај, за луѓе со кардијак арест кои биле во состојба да одржуваат срцебиење со кашлање. Најважно, ова било постигнато во болници за време на тестирање на третмани на срцето во кои лицата биле мониторирани одблиску и под докторски надзор и не треба да се обидувате да го правите сами, пишува Фул Фект.

Австралиски Асошиејтед Прес за техниката опишана во објавата што ја рецензираме пишува дека таа некогаш се користи во клинички услови, за некои пациенти што имаат кардијак арест, што е различно од срцев удар. Лицето кое страда од срцев удар има блокирана артерија која го спречува протокот на крв.

Кардиологот Гема Фигтри, која е и професор по медицина на Универзитетот Сиднеј, за Асошиејтед Прес вели дека ,,кашлањето нема да ја отвори артеријата”.

Главниот приоритет мора да биде лицето да биде брзо однесено на место каде ќе може да им биде отворена артеријата, изјавила таа за Асошиејтед прес.

 

Доктор Арнагрета Хантер, кардиолог на Австралискиот национален институт за Асошиејтед Прес вели дека техниката со кашлање нема научна основа за луѓе кои имаат срцев удар.

Најдобриот совет е веднаш да се бара помош ако мислите дека имате срцев удар. Да се обидете да сте смирени може да биде предизвик но може да помогне додека чекате помош, изјавила таа.

Тие двете потврдиле дека кашлањето некогаш се користи кај кардијак арест во надгледувани услови во клиники, во мониторирана средина со различни нивоа на успех.

Слични тврдења се рецензирани во повеќе држави од светот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Кашлањето нема да ви помогне да преживеете срцев удар.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција