Киднапирањето на Вања не се случило среде улица, туку во влезот од зградата

Во објавата невистинито се тврди дека киднапирањето на Вања се случило на улица, а не внатре во зградата што не е точно. Исто така, не е вистина дека грабнувањето е снимено на камера. Напротив, грабнувањето го нема на снимките од камерите затоа што се барал „мртов агол“ односно места каде што камерите не снимаат

Во објавата невистинито се тврди дека киднапирањето на Вања се случило на улица, а не внатре во зградата што не е точно. Исто така, не е вистина дека грабнувањето е снимено на камера. Напротив, грабнувањето го нема на снимките од камерите затоа што се барал „мртов агол“ односно места каде што камерите не снимаат

 

 

Реценнзираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Од снимките на камерите се гледало дека киднапирањето не се случило во влезот туку на сред улица и дека уапсените не го извршиле киднапирањето. Снимките биле одземени за да се прикрие идентитетот на киднаперите и да можат да ја поминат границата безбедно. Обиџуко ги знае кои се киднаперите ама страв му е да ги уапси. Уапсените го признале делото со тепање и закани кон животот и безбедноста на семејствата. Не случајно турските власти не им го давале Палчо а им барале и материјални докази кои не можеле да ги обезбедат. Обиџуко пратил само искази од претепани невино обвинети.

Објавата се однесува на киднапирањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која беше грабната од нејзиниот влез во зградата каде живеела во скопската населба Дебар Маало, а потоа однесена во близина на околината на Скопје, во селото Бразда и убиена, по што нејзиното тело било закопано.

До местото каде што било закопано телото на Вања, истражните органи дошле преку искази на осомничените за кривичното дело, а тие самите, како организатор и егзекутор го посочиле сега првоосомничениот Љупчо Палевски. Не е вистина дека на снимките од камерите се гледало оти киднапирањето не се случило во влезот, туку насред улица. Тоа го знаеме од прес- конференцијата која ја одржаа обвинителот Гаврил Бубевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 4 декември, еден ден откако беше пронајдено безживотното тело на Вања Ѓорчевска. На таа прес-конференција, на новинарско прашање дали киднапирањето е забележано на снимки од безбедносните камери, обвинителот и министерот за внатрешни работи одговорија негативно.

Грабнувањето не е снимено на камера оти се случило внатре во влезот. За улогата на таткото ништо не можеме да заклучиме однапред оти ништо не е ни докажано ни отфрлено. Што се однесува до убиениот Панче, имале должничко доверителси односи односно убиениот должел околу 500 евра на соседот кој е еден од извршителите и затоа му го одзеле возилото, но намерата била возилото да биде искористено за грабнување на девојчето, објасни обвинителот Бубевски.

Обезбедени се снимки од безбедносни камери од 70 локации, како и од системот сејф сити (безбеден град), но на нив не е регистрирано грабнувањето односно киднапирањето.

Самото грабнување се случило внатре во зградата, а не на сред улица како што невистинито се тврди во објавата која ја рецензираме. Емисијата КОД објави дека киднапирањето се случило во влезот на зградата од сознанија, според кои организаторите ги барале мртвите агли односно местата околу зградата каде немало камери односно каде камерите нема да ги уловат (од 2 минута и 21 секунда до 3 минута и 33 секунда во видеото).

Обвинителот Бубевски на 12 декември кажа дека исказите на осомничените зборуваат на истиот јазик со материјалните докази.

На снимките од безбедносните камери не е регистрирано киднапирањето, па оттука не може ни да се тврди дека „некој друг го извршил киднапирањето“. Регистрирани на камерите се две возила, меѓу кои и цитроенот на Панче Жежовски кој беше пронајден опожарен. Меѓутоа самиот момент на киднапирањето и изнесувањето од зградата го нема на камера.

За тврдењето дека „вистинските киднапери“ ја преминале границата безбедно, нема докази, тоа е неосновано и наведувачко. Единствено осомничениот Љупчо Палевски Палчо ја премина македонската граница, па преку Белград и Бугарија отиде во Баликесир во Турција каде сега чека во екстрадиционен притвор.

Нема докази дека уапсените го признале делото со тепање и закани кон животот и безбедноста на семејствата, како што се тврди во објавата  и дека „неслучајно турските власти не го давале Палчо на македонските“.

Постапката низ која поминува Љупчо Палевски во моментот, односно постапката во која чека екстрадиција, е јасно дефинирана и стандардизирана процедура која не се случува преку ноќ и така е за сите случаи, а не само за Палевски. Точно е дека при оваа постапка за екстрадиција турските власти бараат докази од македонските, ама не е точно дека македонските власти не успеале истите да ги обезбедат. Дури и турските власти на македонските истражни органи им испратија ДНК од Палевски, согласно стандардната процедура.

Од македонското Министерство за правда за Радио Слободна Европа напоменаа дека во Турција имаат и до 100 барања за екстрадиција дневно, заради големината на државата со популација од 80 милиони жители, која се граничи со држави како Сирија и Ирак. Не е исклучено дека Палевски ќе ги искористи сите средства на располагање да се жали на притворот додека трае процедурата. Меѓутоа, засега не постои ниедна индиција дека Турција не го давала Палевски на македонското МВР. Станува збор за комплетно непознавање на постапката за екстрадиција која е јасно опишана овде.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција