Клаус Шваб не им наредил на владите од цел свет да ги апсат граѓаните што читаат лажни вести
Наспроти она што се тврди во постот, дека Клаус Шваб им наредил на владите во светот да ги апсат сите што читале лажни вести, ниту во цитираните говори на Шваб, ниту во деловите каде се обраќа Светскиот економски форум во однос на дезинформациите, не постои ниту еден доказ во прилог. Затоа ова е класична дезинформација за Клаус Шваб
Наспроти она што се тврди во постот, дека Клаус Шваб им наредил на владите во светот да ги апсат сите што читале лажни вести, ниту во цитираните говори на Шваб, ниту во деловите каде се обраќа Светскиот економски форум во однос на дезинформациите, не постои ниту еден доказ во прилог. Затоа ова е класична дезинформација за Клаус Шваб
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Паника во Светскиот економски форум? СЕФ/Шваб им наредува на владите од цел свет да ги апсат граѓаните кои читаат „лажни вести“ на интернет. Наредува да се забранат независните медиуми, владите да го направат незаконски читањето не-мејнстрим извори на вести. Кој ги избрал/поставил свињата шваб/сеф и нивните газолижачи за да одлучуваат што ќе читам и како ќе живеам? Додаток видео во коментари.
Кога ги споменувам имињата како госпоѓата Меркел, Владимир Путин итн… Сите тие биле млади глобални лидери на Светскиот економски форум. Но сега сме многу горди на тоа што младата генерација како премиерот Трудо, претседателот на Аргентина итн… Влегуваме во кабинетите. Вчера бев на прием кај Трудо и знам дека повеќе од половината од неговиот кабинет се од нашите млади глобални лидери на СЕФ.
„Дезинформациите постоеле отсекогаш, но интернетот ја зголеми нивната моќ. Има намалување на довербата во мејнстрим медиумите. Владите, бизнисите и индивидуите мора да работат заеднички за да го намалат ширењето дезинформации. Моменталната криза со дезинформациите се подготвуваше со години. Растот на интернетот ги направи бизнис-условите потешки за весниците и другите медиуми, од кои некои беа затворени. Се случи експлозија од сајтови и социјални мрежи кои ја пополнија таа празнина, а истите привлекуваат корисници кои немаат време или не се заинтересирани да проверуваат информации и да гледаат повеќе извори. Луѓето ги сменија своите навики и 40 проценти од нив глобално одбегнуваат мејнстрим вести. Општата доверба во вестите опадна. Како резултат, голем процент луѓе сега веруваат во неверојатни наративи. Речиси 20 проценти од испитаниците вклучени во истражувањето на форумот Оливер Виман одговориле дека ковид е измама, а 12 проценти кажале дека вакцините против коронавирусот имаат микрочип кој овозможува владата да ги следи вакцинираните. Овие испитаници се од различни возрасти, нивоа на образование и професии. Дури и корисници со добри намери може да се жртви на дезинформации поради нивните кориснички навики. Истражувањето покажа дека поголемиот број луѓе понекогаш или често само прелетуваат преку вестите. Ретко проверуваат извори и без да знаат го влошуваат проблемот со тоа што ги споделуваат тие информации со пријателите без да ги проверат фактите“, пишува на сајтот на Светскиот економски форум.
Речиси сите дезинформации имаат поедноставна граматичка структура отколку вистинските вести. Ова ги прави полесни за процесирање зашто бараат помал когнитивен напор од страна на корисникот. Тие не се многу диверзитетни во лексиката. Ако видиме каков тип на реакции тие предизвикуваат, ќе забележиме дека дезинформациите се многу поемотивни од вистинските вести. Тие се 10 пати понегативни во поглед на сентиментот. Тие 37 проценти повеќе целат кон моралноста на читателот. Целат психолошки да му влијаат на корисникот преку идеи кои напаѓаат пол, религија, националност итн, пишува на сајтот на СЕФ.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар