Контраспин: Окови, линч и тоталитаризам има само во перцепцијата на епископот Јаков Стобиски

Фото: Принтскрин видео

Колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини и да подбуцнува, сепак епископот Јаков Стобискиго прави токму тоа – употребува тешки квалификации, провоцира и ја подгрева атмосферата пред утрешниот протест. Иако епископот сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам,  простор за таква загриженост нема. Тоа едноставно не е можно, граѓанските организации немаат на располагање такви инструменти. Така што,  перцепцијата на епископот е погрешна, се рабира  доколку говориме за едно здраво, праведно и правично општество, во кое има место и љубов за сите. Па, дури и ако се работи за љубовта и милоста од Бога!

Колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини и да подбуцнува, сепак епископот Јаков Стобиски го прави токму тоа – употребува тешки квалификации, провоцира и ја подгрева атмосферата пред утрешниот протест. Иако епископот сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам, простор за таква загриженост нема. Тоа едноставно не е можно, граѓанските организации немаат на располагање такви инструменти. Така што, перцепцијата на епископот е погрешна, се рабира, доколку говориме за едно здраво, праведно и правично општество, во кое има место и љубов за сите. Па, дури и ако се работи за љубовта и милоста од Бога!

 

 

Eпископот Јаков Стобиски на прес-конференција по повод протестот против законите за родова еднаквост и матична евиденција, што го организира Македонската православна црква – Охридска Архиепископија на 29 јуни пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, го искажа и следниов спин:

Спин: Невладините организации се платени под плаштот на борба за човекови права за да го оковаат во своевиден тоталитаризам нашето општество

[ИзвориМета – датум: 27.07.2023]

Контраспин:  Ставот на епископот Јаков Стобиски дека невладините организации сакале да го оковаат општеството во тоталитаризам, е спинерски. Овој негов исказ, заедно со пораката дека „црквата била мета на прогон и линч“, делува несмасно и збунувачки.

Нејасно е како граѓанските организации би го преуредиле целиот општествен, политички и економски поредок во еден тоталитарен систем – режим и со кои механизми би го направиле тоа? Исто така, не е јасно кога и од кого Македонската православна црква била прогонувана и кој ѝ упатувал повици за линч? Просто несфатливо е зошто епископот употребува вакви тешки квалификации и ја подгрева атмосферата пред најавениот протест? Иако, самиот се оградува од злоупотреба на собирот за други цели, од говор на омраза и од скандирање, сепак неговиот настап во најмала рака е провокаторски.

Нашиот Устав  овозможува  слобода на вероисповест, како и слободното манифестирање на верата, но прави јасна дистинкција на верските заедници од државата. Република Северна Македонија е секуларна држава и тоа е дефинирано уште со Уставот од 1991 година.

Во таа смисла во  Член 19 се вели:

Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

Света ли е вистината за црковните лица?

Епископот Јаков Стобиски излезе во јавноста со тврдење дека законот за матична евиденција е во собраниска процедура, а законот за родова еднаквост е на чекор до тоа, сепак ова не е вистина. Па колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини, сепак тврдењето на епископот за двата закона е неточно.

И двата предлога воопшто не се во Собрание, вели за Радио Слободна Европа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Таа додава:

Предлог-законот за матична евиденција Владата го повлече уште лани во март, за да има поширока дебата и да се исполнат очекувањата на целото општество, а вториот, предлог-законот за родова еднаквост не стигнал до собраниска процедура оти е во фаза на консултација и досега се одржани 18 јавни трибини.

 

Љубов од Бога, ама не за сите

Настапите на епископот Јаков Стобиски предизвикаа остри реакции во јавноста. Веднаш реагираше Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, таа утврдила дека епископот извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Според Комисијата, тој во јавните настапи искажал понижувачки, навредливи и деградирачки ставови кон трансродовите лица, кои ја охрабруваат дискриминацијата и омразата кон ЛГБТИ луѓето. Комисијата му наложи на епископот да се извини јавно, а доколку тој не го стори тоа, ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација, исто така, остро го осудија повикот за протест на Македонската православна црква и ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на манипулативните обиди на МПЦ и на некои други „навидум загрижени групи и здруженија“ кои неосновано тврдат дека законските решенија се закана за овдешната традиција и вера.

Па, иако епископот Јаков Стобиски ја спинува вистината и сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам, сосема е јасно дека нема простор за таква загриженост. Тоа едноставно не е можно, граѓанските организации немаат на располагање такви инструменти. Така што, перцепцијата на епископот е погрешна, се рабира доколку говориме за едно здраво, праведно и правично општество, во кое има место и љубов за сите. Па, дури и ако се работи за љубовта и милоста од Бога!

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција