Контраспин: Позитивните исчекори најмногу зависат од домашната политичка волја – тогаш и ЕУ ќе помогне

Фото: СДСМ/веб

Извртувањето на вистината е во делот за тоа што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. Се разбира, овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во членство со други сојузи, БРИКС, на пример или нешто трето

Извртувањето на вистината е во делот за тоа што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. Се разбира, овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во членство со други сојузи, БРИКС, на пример или нешто трето

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Во дебатна емисија на телевизија, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски искажа став околу прогресот во земјата, при што може да се детектира спин:

Спин: ЕУ и членството во ЕУ е единствената шанса за позитивни промени во нашата држава. Тоа го знаат сите граѓани. За правење исчекор напред кон членството во ЕУ и успешното зачленување во НАТО е потребна храброст и одлучност. Тоа го направивме ние благодарение на нашата храброст и лидерство“

[Извор: СДСМ – Д. Ковачевски; датум: 03.04.2024]

Контраспин: Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во првиот тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажа глорификација на Европската унија и членството во ЕУ, како „единствена шанса за позитивни промени“, што е извртување на вистината, т.е. спин.

Се разбира овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во членство со други сојузи, БРИКС, на пример или нешто трето. Извртувањето на вистината е во делот што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА.

Тоа може да се потврди со многу едноставен експермиент – пребарување на Гугл по параметрите „недостаток“ или „недостиг од политичка волја“.

Од првиот пример што излегува – анализа на дебатна емисија на 24 Вести, до посериозни анализи на невладините организации, па конечно и во извештаите на Европската комисија, секаде може да се сретне таквиот заклучок.

Впрочем и анализите на „Метаморофозис“ во делот на реформите во правосудството, реформите во администрацијата или реформите во медиумскиот сектор, секогаш утврдиле дека политичката волја е клучна за спроведување на реформите.

Вклучувајќи ја реформата и во сегментот со борбата со организираниот криминал и корупција, која беше ветувана под слоганот од Шарената револуција, „Нема правда, нема мир“, а која и според признанието на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски била напуштена на половина пат.

Оттука, глорификацијата дека единствена шанса за позитивен исчекор е ЕУ (се мисли и на членството и на евроинтеграцискиот процес) е спин и тој се должи на едно од порано искажано тврдење на претходниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека без „камшикарот од ЕУ“ Македонија не може да направи реформи.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција