Лага е дека во емисијата на „360 степени“ го немало македонското знаме

Фото: скриншот од јутјуб каналот од емисијата на 360 Степени

Со проверка на фактите се утврува дека кажаното во објаватае лага. Знамето на државата е зад водителот и е прво во редот, додека за потребите на манипулирање во објавата е ставена фотографија, скриншот од агол на камерата од кој не може да се види знамето.

Преку манипулативна фотографија од епизодата на „360 Степени“, во која беше емитувано интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во објава на Фејсбук лажно се тврди дека не било поставено државното знаме на Северна Македонија, додека во исто време стоеле партиското знаме на ДУИ и други знамиња

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во кој лажно се тврди дека во емисијата „360 Степени“ кога гостуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети го нема македонското знаме.

Во објавата пишува:

Интервју на Ахмети емитувано на МТВ. Се има само македонското знаме го нема.

Приложена е и фотографија (принтскрин), од интервјуто на емисијата на „360 Степени“, на која се гледаат албанското, американското знаме, знамето со симболи на НАТО и ДУИ.

Во текстот кој се споделува со објавата пишува:

Без коментар, фотографијата се кажува – знамиња на НАТО, САД и ДУИ, албанското национално знаме кое е и знаме на Република Албанија и… И толку, македонското го нема.

Но, фотографијата е манипулација. Направена како принт скрин во дел од емисијата со таков агол каде што македонското знаме не може да се види.

Кога ќе се погледне емисијата на YOUTUBE каналот на „360 Степени“ сликата е поинаква. Од различни агли низ повеќе камери се доловуваат различни кадри и може да се види дека покрај наведените знамиња ги има и европското, но и македонското знаме.

Впрочем, македонското знаме е прво, веднаш по него е европското знаме. Тие стојат едно до друго, веднаш зад водителот, и кога камерата го доловува тој кадар, повеќе јасно се гледа државното знаме.

Авторот на објавата  преку манипулативна фотографија и лага, предизвика бројни критики, навреди и лавина негативни коментари преку кои што се шири говор на омраза.

Факт е дека македонското државно знаме во споменатата емисија „360 Степени“, која се емитуваше на МТВ беше прво.

Токму затоа овој пост го оценуваме како дезинформација.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција