Лажна наградна игра го злоупотребува брендот „Sport Vision“

Фото: Принтскрин ФБ пост

Објавата е споделена од лажна Фејсбук група во која се злоупотребува името, брендот и логото на продавницата за спортска опрема „Sport Vision“. Ова е евидентно од самиот фонт со кој е испишано името на страницата, но и од тоа што станува збор за нова страница, со само 15 допаѓања, мал број на објави на неа и тоа сите се сомнителни, односно ја промовираат лажната наградна игра. „Sport Vision“ не доделува „Најк“ патики за 125 денари

Објавата е споделена од лажна Фејсбук група во која се злоупотребува името, брендот и логото на продавницата за спортска опрема „Sport Vision“. Ова е евидентно од самиот фонт со кој е испишано името на страницата, но и од тоа што станува збор за нова страница, со само 15 допаѓања, мал број на објави на неа и тоа сите се сомнителни, односно ја промовираат лажната наградна игра. „Sport Vision“ не доделува „Најк“ патики за 125 денари 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Во чест на отворањето на нашата онлајн продавница, подаруваме 100 подарочни кутии Nike Air Force за само 125 MKD. Кликнете на оваа врска и одговорете на неколку прашања за да го добиете вашиот подарок .

Објавата е споделена од лажна Фејсбук група во која се злоупотребува името, брендот и логото на продавницата за спортска опрема „Sport Vision“. Ова е евидентно од самиот фонт со кој е испишано името на страницата, но и од тоа што станува збор за нова страница, со само 15 допаѓања, мал број на објави на неа и тоа сите се сомнителни, односно ја промовираат лажната наградна игра.

Од друга страна пак, официјалната страница на Фејсбук на Sport Vision брои над 220 илјади следбеници и има сосема поразлична комуникација со клиентите на начин што се промовираат реални понуди, со цени и линкови кои водат кон официјалната веб страница на брендот.

Исто така, на Фејсбук страницата на која е наведена лажната објава за наводна наградна игра, нема оставено точна адреса, ниту контакт информации за брендот, од што станува уште појасно дека се работи за измама.

„Sport Vision“ не доделува „Најк“ патики за 125 денари. Лажната наградна игра ги мами граѓаните да пристапат на сосема фиктивна веб-страница каде од нив се бара да одберат број на патиките и модел и да одговорат на прашања дали би ги препорачале на свој близок. Потоа се пренасочени на лажна страница на која пишува дека е „за испорака“, каде од нив се бара да ги внесат своите лични податоци, име презиме, адреса, но и податоци од нивната банкарска сметка, со што се цели на тоа да се испразнат нивните банкарски сметки.

Интернет просторот е преполн со вакви и слични објави кои преку злоупотреба на брендови и логоа на етаблирани компании за мебел, бела техника, храна, козметика, облека и така натаму, имаат за цел да ги измамат граѓаните дека ќе добијат вредни производи за многу ниски цени.

Има неколку ознаки кои што веднаш треба да ги алармираат корисниците на социјалните мрежи дека се работи за неверодостојна наградна игра. Најпрво треба да проверат од кој Фејсбук профил, односно од која Фејсбук група е пласирана објавата.

Доколку се работи за група која не е официјалната и доколку забележат дека комуникацијата е сомнителна, односно дека од нив се бара да остават свои лични податоци и податоци од банкарските сметки, тогаш треба да се свесни дека се работи за измама.

Брендовите кои вистински спроведуваат наградни игри имаат поинакви начини на комуникација со јавноста, кои се автентични, што во случајов не е исполнето. Во случајот со „Sport Vision“, онлајн продавницата е долго време активна и нема никакво „ново отворање на онлајн продавница“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција