Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“

 

На Фејсбук објава споделена е фотографија од маж кој носи сукња и потпетици и кој според приложениот опис е претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Ова не е вистина.

15.06 2022

Претседател на ЕУ совет.

Мишел Шарл.

Во пресрет на посетата на претседателот на Европски Совет, Шарл Мишел на Северна Македонија, кој учествуваше на вториот Преспа форум за дијалог, на социјалните мрежи беше споделена фотографија за која се тврди дека го прикажува Мишел. На фотографијата е прикажан маж кој носи сукња и високи потпетици. Но, ова не е Мишел и ваквите тврдење се невистинити.

Вистината е дека фотографијата е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Заедно со другите слики, таа беше споделена на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“. Сликата не го открива идентитетот на прикажаното лице.

Може да се забележи дека фотографијата која е споделена на Фејсбук објавата што е предмет на оваа рецензија, е со многу послаб квалитет од оригиналната. Ова е намерно направено за да се добие впечаток на фотографијата е Шарл Мишел, а всушност на оригиналната фотографија која е со добар квалитет повеќе од очигледно е дека не станува збор за претседателот на Европскиот совет.

Освен тоа, формата на брадата, како и бојата на косата на Шарл Мишел и личноста прикажана на сликата се различни.

Ваква слична дезинформација била објавена и во јули минатата година на Фејсбук профилот „Единство за Грузија“ при што била дебанкирана од „Myth detector“.

Сите коментари на оваа објава, која добива големо влијание на социјалната мрежа, се навредливи, омаловажувачки и поттикнуваат насилство и дискриминација по повеќе основи.

Се добива впечаток дека оваа тенденциозна медиумска објава е направена со единствена цел – да се омаловажи и дискредитира Мишел, да предизвика лавина негативни коментари со што се врши манипулација со јавноста. Затоа, пред инстантно да поверувате и веднаш емотивно да споделите што било објавено на Фејсбук, обидете се да го проверите од неколку извори дали е тоа вистина пред да го споделите и да ја храните јавноста со неточни информации.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција