Нападнат, бранет или злоупотребен Мел Гибсон?

Фото: Georges Biard/Википедија, CC 3.0

Можеме да конструираме за миг ситуација која се поврзува со пиењето на детска крв – насилно повредување на детско тело, негово исцрпување и секако усмртување, но зошто ако е тоа „холивудска валута“ како појава, што ја користат весниците, значи ако имаме масовност, по толку години од констатацијата (над три години) немаме ниту еден откриен случај?! Или казна? Или текст во сериозен медиум, а такви секако има во САД?

 

Сцените на наводно пиење на детска крв секако би биле шокантни и да се дел на некаков хорор филм. Повод што за такви сцени се пишува кај нас, се поврзани со текст преземен од белградски „Курир“. И во обата текста повод е познатиот актер Мел Гибсон, кој за темата пиење на детска крв говори како за некаква холивудска „манија“ на која не ѝ одолеале најпознатите станари на престолнината на филмот. Постот на Фејсбук (како и написот на македонски јазик) е објавен во јуни лани, но тој повторно од некоја причина деновиве предизвикува интерес кај кориниците и затоа е предмет на оваа рецензија.

Она што во стартот се забележува ако се погледаат двете верзии – српската, наведена како извор и македонската, е разликата во ставот кон темата, иако, нели, разлика од таков вид не би требало да постои кај преземање на текст(!). Така, во српски Курир стои насловот: „Разоткриоена уште завера: на Мел Гибсон му се припишуваат измислени изјави за холивудската елита која наводно пие детска крв“. Од овој наслов може да се разбере дека написот е во функција на одбрана на Гибсон од напади со „висок напон“ по неговото дело и име. Во текстот-превод стои „Мел Гибсон: Холивуд е полн со паразити кои се гостуваат со детска крв“. Овој наслов, дури и без корекција со некаков поднаслов, да речеме, јасно сугерира дека интенцијата е токму спротивна – да се нападне познатиот актер и да му се признае „авторство“ во однос на споменатата најава.

Треба ли да кажеме дека овој пат некој одлучил дека е подобро ако Гибсон се напаѓа, односно ако не се брани, дури и кога авторството се превртува на глава!

Курир“ уште во првите редови објавува кога и каде се измислени тие обвиненија. Имено, изјавите се појавиле во медиум познат по ширење дезинформации (“Your News Wire“), дека потоа портпаролот на Гибсон изјави оти тие изјави се 100 отсто лажни и дека тоа го повторил во лично дадено интервју за Ројтерс! Потоа се наведува дека кај нас лажните изјави ги пренел некој јутјубер Марио Бојиќ.

Во македонскиот превод се прескокнува сето тоа и веднаш се оди на вториот дел од написот во „Курир“ кон „фактот“ дека „педофилијата е дел од Холивуд“, што е точно како „превод“, ама е врзано за настан  – за премиерата на филмот „Daddy’s Home 2“, дело во кое настапува Гибсон, настан стар и прастар – од ноември 2017 година. А, веднаш се запрашуваме: каква има врска педофилијата со пиењето на крв од деца?

„Педофилија е сексуално привлекување, трајно насочено кон полово незрели индивидуи (деца). Тоа е хронофилија, т.е. вид парафилија, при којашто сексоеротичната возраст на парафилот не одговара на неговата реална возраст. Терминот произлегува од старогрчкото ‘paides’ (παιδές — момче, дете) и ‘philia’ (φιλια — љубов).“

Со педофил неофициално понекогаш се нарекуваат и луѓето, коишто чувствуваат привлекување кон помлади (помали), како и сексуалните насилници на деца“. Но, пиењето на крв од деца ја нема во таа дефиниција колку и да ја шириме.

Како термин никаде нема да најдете допирна точка со пиењето крв од деца (има слични мотиви, освен во усните хорор стории, па и во филмови, но не под тоа име), а единствена сличност постои со терминот „порфирија“ (болест која постои и е регистрирана во медицината, ама нема ништо слично во она што обата медиуми сакаат да го поврзат). Но, ова „калемење“ на тие термини е едноставно трик за да се споменат многу јавни личности и да се поврзат … со педофилијата која нема никаква врска со насловот (насловите).

Можеме да конструираме за миг ситуација која се поврзува со пиењето на детска крв – насилно повредување на детско тело, негово исцрпување и секако усмртување), но зошто ако е тоа „холивудска валута“ како појава, што ја користат весниците, значи ако имаме масовност, по толку години од констатацијата (над три години) немаме ниту еден откриен случај?! Или казна? Или текст во сериозен медиум, а такви секако има во САД?

Впрочем, промената на темата – од пиење на крв на деца, во педофилија не е само елементарно незнаење, туку создава услов да се мешаат поими и личности. Така, Њујорк тајмс се споменува како педофилски весник („наклонет кон кабалата“, се додава) што создава вистински кошмар во нашите глави, особено што во содржината на текстот за Мел Гибсон се појавуваат (анонимно и без наведување на извор) ситуации кога „цели студија се купени или наводно платени со крвта и месото на невини деца“.

Што сè немаме во овој текст (тука е и користењето на кабалата за што треба да се направи посебен осврт) – од превртување на црното во белото кај насловите, во случајот со ликот и делото на Мел Гибсон , до мешање на поимите педофилија и чинот на пиење на крв од тела на деца, преку „крстење“ на весници и личности како педофили (индиректно тие во свеста на читателот се претвораат и во подржувачи на оној другиот хорор), дури и ставање во список политичари како експремиерката Тереза Меј, која само се залагаше за правата на истополните бракови и други елементи во „казанот“ на вистинска кармакашија.

Покрај другото, написите како овој се раскринкани од редица сервиси за проверка на факти ширум светот, па дури и од светските агенции како Ројтерс и секцијата за проверка на факти на Агенцијата Франс Прес. Имајќи го предвид сето ова, овој напис го сметаме за невистинит, а наводите во него за дезинформациии.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција