Не е изграден нов подземен паркинг во центарот на Струга
Ветување: Изградба на подземен паркинг во центарот на Струга со јавно приватно партнерство
[Извор: Предизборна програма на кандидатот за градоначалник на Општина Струга “За Општината што ја сакаме”,2017 год; датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, во неговата предизборна програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 16) со која излезе на локалните избори во октомври 2017 година, вети изградба на подземен паркинг во центарот на Струга. Ова ветување на градоначалникот Мерко досега (05.12.2019) не е исполнето.
Во центарот на градот во Струга, не може да се забележат некакви активности за изградба на подземна гаража. Информации за изградба на подземен паркинг нема ниту на официјалната веб-страница на Општина Струга. Имено, меѓу објавените информации за седници, јавни повици, како и други известувања поврзани со работата на Општината, нема каква било иницијатива за изградба на подземен паркинг во центарот на Струга.
Најава за започнување или план за изградба на подземен паркинг во центарот на Струга, нема ниту на официјалната Фејсбук страница на Општина Струга и на ФБ страницата на градоначалникот Мерко, каде тој вообичаено ги промовира сите проекти кои се планираат, кои се во тек, или, пак, се реализирани.
Проверката на локалните медиуми во Струга, но и на пребарувачите на вести, исто така, покажа дека нема информација за изградба на подземен паркинг, ниту пак дека е покрената таква иницијатива.
Имајќи ја предвид горенаведената проверка ова изборно ветување на градоначалникот Мерко, го сметаме за неисполнето.
ИЗВОРИ:
- Веб страница на Општина Струга [Пристапено: 05.12.2019]
- Предизборна програма на кандидатот за градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко [Пристапено: 05.12.2019]
- Официјална Фејсбук страница на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко [Пристапено: 05.12.2019]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар