Не е направен проект за изградба на нова градинка во Охрид

Фото: Darko Nikolovski, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Градоначалникот Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, меѓу другото, вети и Проект за изградба на нова детска градинка. Ова ветување на Георгиески е несиполнето.

Ветување: Проект за изградба на нова градинка во Охрид

[Извор: Изборна кампања Константин Георгиески; датум: април 2019 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, меѓу другото, вети и Проект за изградба на нова детска градинка. Ова ветување на Георгиески е несиполнето.

Веќе се преземени конкретни активности за подобрување на условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”. Вложуваме максимални напори и работиме на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” со што ќе се зголеми капацитетот на градинката и ќе се реши долгогодишпниот проблем со преголемиот број на деца во групите и долгите листи на чекање за упис, рече  тогаш Георгиески (крај на април 2019).

Осум месеци по доаѓањето на градоначалничката функција, во јануари 2020 година Георгиески повторно кажа дека Општината работи проект за изградба на нова градинка.

Нашиот план е започнат и во тек е изработка на основен проект за изградба на нова градинка на местото на постојната која ќе е на два ката и со зголемен капацитет, инфомира градоначалникот Константин Георгиески.

За тоа до каде е реализацијата на ова ветување на Георгиески, „Вистиномер“ побара, но не доби одговор од Општина Охрид. И покрај повеќе обиди од локалната власт не добивме официјален одговор дали е веќе изготвен проектот за нова детска градинка, кога и на која локација таа би се градела.

Од наши извори во секторот за образование при Општина Охрид дознаваме дека проектот не е изработен, бил започнат, но не стигнал во завршна фаза, ниту пак, е доставен пред градските советници.

Направивме и опсежно пребарување на официјалниот сајт на Општина Охрид, таму проект за нова градинка не е објавен.

Исто така, ги проверивме и локалните медиуми кои го следат работењето на локалната самоуправа, но и таму нема информација дека изработен проект за нова градинка. Пребарувајќи на интернет најдовме само постари вести од пред две години, за тоа дека во август 2019 г. имало состанок на кој се разговарало за подобрување на условите во објектите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид, но на средбата воопшто не е спомнат ветениот проект за изградба на нова детска градинка.

Имајќи ја предив оваа проверка ветувањето на Геогиески за изработка на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” во Охрид,  го оценуваме како неисполнето. 

Инаку, последната детска градинка во Охрид е изградена и отворена пред шест години во населбата „Радојца Новиќиќ“.

 

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Соња Рилковска

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција