Не е точно дека мајмунските сипаници се шират само меѓу геј популацијата
Не е вистина наведеното во постот дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние со определена сексуална ориентација
Не е вистина наведеното во постот дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние со определена сексуална ориентација
29.06 2022СЗО изјавува дека мајмунските сипаници „во моментов“ не претставуваат глобална здравствена вонредна состојба,која се шири само меѓу ГЕЈ популацијата.
Она коешто го прави моменталното ширење особено загрижувачко е рапидното, континуирано ширење во нови земји и региони и ризикот од понатамошна трансмисија меѓу вулнерабилните популации, вклучително меѓу лицата кои се имунокомпромирани, бремените жени и децата, рече Тедрос.
Тој додаде дека истражувањето и испитувањето на мајмунските сипаници во Африка е запоставено, поради што и луѓето во другите делови од светот се под зголемен здравствен ризик.
Мајмунските сипаници примарно се шират со близок физички контакт кога инфицираното лице споделува контаминиран материјал со други, како на пример облека или постелнини. Вирусот може да се пренесе преку респираторни капки ако инфицираното лице има рани во устата или во грлото. Повеќето луѓе се опоравуваат од мајмунски сипаници за две до четири недели без специфичен медицински третман. Почетните симптоми се слични на оние на грипот, како треска, главоболка, болки во телото, истоштеност и потечени лимфни жлезди. Исфрлање на телото слично на чир или мозолчиња, подоцна се појавува и тогаш луѓето се најинфективни.
Дали мајмунските сипаници се шират само меѓу геј популацијата?
Да се каже дека е болест која само ја има меѓу геј популацијата е и невистинито и нефер. Сексуалноста и сексуалната ориентација на лицето не е начин на пренесување. Секој може да ги добие мајмунските сипаници доколку има контакт со инфицирано лице, вели за „Ројтерс“ доктор Андреј Ли, професор по јавно здравје на Универзитетот Шефилд.
Станува збор за вирална инфекција што се пренесува преку капки, контаминирани предмети и близок контакт со инфицирано лице.
Вирусот може да се пренесе со близок физички контакт, но тој може да биде и сексуален и несексуален.
И Светската здравствена организација вели дека мајмунските сипаници не се сметаат за сексуално пренослива инфекција.
Иако може да се пренесат преку секс, исто така може да се пренесат и со допирање на материјал кој го користела инфицирана личност, нивното кивање и кашлање и друг контакт кожа на кожа.
Искуството покажува дека стигматизирачката реторика брзо може да го оневозможи одговорот базиран на докази, со тоа што ќе предизвика циклуси на страв, одвратувајќи ги луѓето подалеку од здравствените услуги, оневозможувајќи го откривањето на случаите и охрабрувајќи неефективни, казнени мерки, вели Метју Кавана, директор на УНАИДС.
„Би Би Си“ пишува дека мајмунските сипаници не се шират побрзо меѓу геј и бисексуалните мажи и дека секој може да биде инфициран. Матео Прочазка, епидемиолог од британската здравствена агенција за „Би Би Си“ изјави дека инфекцијата не е поврзана со сексуалноста и дека грижата е генерална како јавноздравствена закана за сечие здравје.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина наведеното во постот што го рецензираме, дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние со определена сексуална ориентација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар