Не е точно дека невакцинираните деца се поздрави од вакцинираните
Вакцинацијата кај децата помага да се намали ризикот од потенцијално опасни болести како полио на пример. Големи студии немаат најдено поголема инциденца на несакани здравствени исходи кај вакцинираните деца споредено со невакцинираните. Состојките во вакцините кај децата не се присутни во токсични количества. Американската академија на педијатри препорачува рутинска имунизација на сите деца и адолесценти според календарот на Центарот за контрола и превенција на болести.
Вакцинацијата кај децата помага да се намали ризикот од потенцијално опасни болести како полио, на пример. Големи студии немаат најдено поголема инциденца на несакани здравствени исходи кај вакцинираните деца споредено со невакцинираните. Состојките во вакцините кај децата не се присутни во токсични количества. Американската академија на педијатри препорачува рутинска имунизација на сите деца и адолесценти според календарот на Центарот за контрола и превенција на болести
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
ВАКЦИНИРАНИ НАСПРОТИ НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦАЦентарот за контрола и превенција на болести (CDC) никогаш не ги разгледал долгорочните здравствени резултати на вакцинираните наспроти невакцинираните деца, потврди професор д-р Брајан Хукер за време на презентацијата пред Светскиот здравствен совет. Брајан Хукер е постар директор за наука и истражување во организацијата Children Health Defence и почесен професор по биологија на Универзитетот Симпсон во Рединг, Калифорнија, кој се залага и ја истражува безбедноста на вакцините веќе 20 години.
Д-р. Хукер ја претстави студијата на Ентони Р. Мосон и неговите колеги. Оваа студија собрала податоци од мајки кои ги учеле своите деца дома и се фокусирале на деца на возраст меѓу 6 и 12 години. Споредувајќи ги вакцинираните и невакцинираните деца, Mawson и неговите колеги откриле дека веројатностите за голем број болести беа многу поголеми за вакцинираната група.Откриено е дека децата од вакцинираната популација имале неверојатни 30 пати поголем ризик од развој на алергиски ринитис во споредба со невакцинираните деца. Слична приказна следеше и за други болести. Студијата на Mawson покажа дека вакцинираните деца имаат 3,9 пати поголема веројатност да имаат алергии, 4,2 пати поголема веројатност да имаат АДХД, 4,2 пати повеќе да имаат аутизам, 2,9 пати повеќе да имаат егзема и 5,2 пати повеќе да развијат алергии. Исто така имаат потешкотии во учењето и имаат 3,7 пати поголема веројатност да имаат невро-развојни нарушувања отколку невакцинираните деца.
Студии со голем број недостатоци
Бројни добро срочени научни студии имаат утврдено дека вакцинацијата не го подига ризикот од несакани здравствени последици, вклучително и инфекции или заостанат невролошки развој. Спротивно на тоа, вакцинацијата ја зголемува способноста на имуниот систем да се бори против потенцијално опасни инфекциии како полио, на пример. Студијата цитирана од страна на Брајан Хукер има значителни методолошки недостатоци кои ги прават податоците и заклучоците добиени со неа пристрасни и нерелевантни. Две од студиите цитирани од Брајан Хукер се повлечени, пишува Хелт Фидбек.
Погрешно одбран примерок за тестирање
Меѓутоа, методот на собирање на овие информации во студијата има неколку клучни проблеми и ја прави субјективна и некритичка. Давид Горски, хирург за канцер и уредник на Сајнс Бејсд Медисин пишуваше за оваа студија во овој текст.
Тој посочува дека децата кои се школувани дома, не се репрезенти на генералната популација и дека тоа што се школувани дома е асоцирано со aнтивакцинални погледи.
Доказ за тоа е фактот што во самата студија, една третина од децата се невакцинирани.Ова е спротивно со националната статистика за вакцинална покриеност во САД, каде само 1,3 проценти од децата родени во САД меѓу 2016 и 2017 година се невакцинирани до двегодишна возраст.
Мосон, исто така, не се обидел независно да верификува дека одговорите од прашалникот кој им го дал на мајките се точни, односно не ги ни прегледал медицинските истории на децата.
Понатаму, однесувањето на родителите кои ги вакцинираат нивните деца е веројатно поразлично од однесувањето на родителите што не ги вакцинираат, од разни причини, вклучително и поради поголемата доверба во здравствените работници и поради социоекономските разлики.
Родителите на вакцинираните деца, почесто ги носат нивните деца на лекар што значи дека ако нивните деца имаат некакви проблеми поверојатно е дека ќе бидат дијагностицирани и лекувани. Помалку веројатно дека тие ќе се потпираат на алтернативни методи за лекување, пишува Горски.
Ова би имало влијание на тоа колку често вакцинираните деца се дијагностицирани со медицински состојби споредено со невакцинираните. Она што студијата не го покажува е дека вакцинираните деца ги развиваат овие состојби почесто од невакцинираните.
Данска – Вакцинацијата го јакне имунитетот кај децата!
Нема докази дека детската вакцинација го ослабува имунолошкиот систем. Напротив, вакцините го зајакнуваат имунолошкиот систем на детето за тој да се бори против болести кои може да се превенираат со вакцина. Ова е потврдено со студија од Данска, која вклучува повеќе од 800 илјади деца. Истражувачите пронајдоа дека нема статистичка корелација меѓу рутинска детска вакцинација и хоспитализација од инфективна болест.
Хукер цитира две студии во кои е коавтор со Милер. Во една од нив Хукер и Милер погледнале медицински истории од дијагнози за заостанат развој, астма, инфекции на увото и гастроинтестинални проблеми. Податоците ги зеле од 3 педијатриски медицински установи во САД без да се каже како ги одбрале баш тие три. Кога ги споредиле бројот на вакцинирани деца со некоја од тие дијагнози, со невакцинираните, авторите заклучиле дека вакцинацијата е причината за поголемата инциденца на таквите дијагнози.
Но, научници кои ја прегледаа оваа студија за Хелт Фидбек кажаа дека таа содржи бројни методолошки грешки кои ги прават заклучоците неточни.
Карина Топ, професорка по педијатрија на Далхаузи Универзитетот која проучува вакцинална безбедност, исто така забележува дека 30 проценти од децата во студијата не се вакцинирани. Ова е спротивно на националната статистика на САД според која само 1,3 проценти од децата во САД до двегодишна возраст се невакцинирани. За неа ова е црвен аларм за тоа какви медицински установи биле тие три, кои што авторите на студијата ги избрале.
Дали докторите биле поддржувачи на вакцините или биле подложни да даваат оправдание за исклучоци и на таков начин привлекле семејства кои биле поколебливи за вакцината или пак, протестирале против неа поради религиозни, културолошки или други причини, прашува таа.
Професорот по епидемиологија од Универзитетот Мичиген, Абрам Вагнер подвлече дека студијата не прави разлика меѓу групите на вакцинирани и невакцинирани деца, што може да влијае врз заклучоците.
Знаеме дека вакцинираните и невакцинираните деца може да дојдат од различни околини, урбани или рурални, може да одат или да не одат на лекар, различни социоекономски околности. Сите овие фактори може да направат разлика меѓу вакцинираните и невакцинираните деца и може да објаснат евентуални разлики во исходот од нивното лекување, вели тој.
На кратко, пишува Хелт Фидбек, студијата најде дека вакцинираните деца имаат поголема веројатност да развијат дијагнози за астма, инфекција на увото и гастроинтестинални проблеми, но она што студијата не го покажа е дека таквите дијагнози почесто се јавуваат кај вакцинираните деца. Повисоката стапка на дијагнозите може да биде поради разлики во начинот на кој се однесуваат семејствата кон барањето медицинска помош кои не се поврзани со вакцинацијата.
Нема поврзаност помеѓу составот на вакцините и егземата
Ова е како да кажете дека сладоледот што сте го јаделе во основно училиште е поврзан со тоа што сте се здебелиле во средно училиште. Проблематично е, зашто и сладоледот кој сте го јаделе во средно училиште и други фактори придонеле до зголемувањето на телесната тежина. Нивоата на алуминиум во телото се менуваат зависно од хемиската околина, а не само зависно од количините. На пример, ако јадете портокал за ручек со вашиот сендвич од мисиркино и кашкавал, најверојатно ќе апсорбирате повеќе алуминиум од кашкавалот и лебот отколку ако го јадете истиот сендвич со банана. Дали ова значи дека не треба да јадете портокал, секако не! Конзумираме милиграми алуминиум секој ден и само мал дел од него стигнува до нашиот дигестивен систем и во нашето тело, пишува Хелт Фидбек.
Подобро дизајнирани студии го демантираат Хукер
Има неколку објавени студии кои прават компарација меѓу здравствените исходи кај вакцинираните и невакцинираните деца, кои се многу подобро дизајнирани од оние цитирани од Хукер. Тие покажуваат дека вакцинираните деца немаат поголем ризик да развијат медицински состојби споредено со невакцинираните. На пример, студија од 2004 година покажува дека нема поврзаност меѓу вакцинација и пречки во развојот кај децата. Друга студија покажува дека децата кои се вакцинирани во првата година од животот имаат подобри резултати на когнитивни тестови.
Студија од Германија од 2011 година, која ја истражува инциденцата на алергии и инфекции кај 13 илјади индивидуи, не наоѓа несакани исходи поврзани со вакцинација. Друга студија од Германија од 2014 година со 1.300 вклучени учесници покажа дека вакцинацијата е поврзана со пониски стапки на астма.
Рецензија од 2020 година на 138 студии покажува дека нема докази за асоцијација меѓу ММР вакцината со појава на астма, бактериска или вирусна инфкеција, пречки во развојот, дијабетес тип 1 и егзема.
Американскиот институт за медицина во 2013 година во рецензија објаснува дека детската имунизација е безбедна. Вакцините не се поврзани со повисок ризик за астма или алергии или проблеми со невролошкиот развој, ни со АДХД (недостаток од внимание и хиперактивна вознемиреност)
Американската академија за педијатри комплетираше листа на студии релевантни за вакциналната безбедност овде.
Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар