Не е точно дека се плаќаат 50 евра за вакцинација

Содржината што ја рецензираме го мами читателот со сензационален наслов, а содржината на текстот освен што е во конфликт со насловот, создава конфузија и го дезориентира читателот. Во оваа содржина, покрај вадењето од контекст на актуелната состојба со Ковид-19 во Швајцарија, на читателот дури на крај му се кажува дека се работи за Швајцарија, пишува Порталб.мк.

Од сега ќе плаќате по 50 евра ако сакате да примите вакцина…“ е насловот на содржината што ја рецензираме. Оваа содржина на Фејсбук е споделена од страната со име „ТВ7 ШЌИП” и само за кратко време собрала стотици допаѓања и десетици споделувања на социјалните мрежи.

Насловот на медиумскиот производ што го рецензираме е сензационален и сомнителен, но буди интерес кај читателот за да кликне на линкот. Содржината на медиумскиот производ освен што не исполнува ниту еден професионален новинарски критериум е полна и со низа лажни информации. Текстот тврди дека:

Минатата недела министерот за здравство Ален Берест објави дека за да се поттикнат што повеќе луѓе да се вакцинираат, купон од 50 франци.

 

Ова тврдење, претставено во погрешно формулирана реченица, освен што е погрешно е и иронично. Нема министер за здравство со име Ален Бресет во ниту едно место каде што се зборува и известува на албански јазик. Тврдењето што следи во текстот е во спротивност со самиот наслов на оваа содржина. Додека во насловот пишува дека за вакцината против Ковид-19 треба да се платат 50 евра, во текстот пишува дека:

Купон од 50 франци ќе добие секој што ќе убеди друг човек да се вакцинира.

Од каде потекнуваат дезинформациите и која е вистината?

Оваа дезинформација потекнува од  погрешното толкување на актуелната ситуација со Ковид-19 во Швајцарија. Ален Берсет е министер за здравство во Швајцарија. За да се зголеми интересот на граѓаните за вакцинација во Швајцарија се промовираат различни мотивациони политики, една од најновите политики на овој план е најавата дека швајцарската држава ќе дава бонуси од по 50 франци на секој што ќе убеди друг да се вакцинира. Оваа политика му беше предложена на министерот Бресет на 1 октомври и беше испратена до кантоните на консултации. На 13 октомври, швајцарските кантони категорично ја одбија идејата, тврдејќи дека бонусот ќе ги налути оние кои веќе се вакцинирани или дека ова може да ја поттикне идејата дека колку подолго се одбива вакцинацијата, толку повисоки ќе бидат бонусите.

Швајцарскиот министер за здравство Ален Берсет – кој беше еден од архитектите на идејата – рече дека одбивањето на бонусот не е „изненадување“. Шемата за бонуси од 50 франци требаше да ја чини земјата 150 милиони франци, иако Берсет рече дека тоа е капка во океанот во споредба со неделните трошоци од 50 милиони во земјата за шемата за бесплатно тестирање во земјата, која беше откажана на 10 октомври.

Друга политика за мотивирање на граѓаните да се вакцинираат беше планот „Недела на вакцинација“. Планот опфаќа една национална „недела на вакцинација“ за споделување на информации за безбедноста и придобивките од вакцините. Според овој план, низ швајцарската покраина ќе циркулираат 170 нови автобуси за вакцинација, а пак 1700 луѓе ќе можат да одговорат на телефон, онлајн или лично, на секој граѓанин кој има нејаснотии или прашања околу вакцинацијата.

Покрај информативната кампања, Швајцарија спроведува уште една забавна кампања со музички концерти и различни активности со цел да се подигне свеста кај луѓето дека треба да се вакцинираат.

Твит- Ален Берсер, министер за здравство во Швајцарија

Швајцарија е една од европските земји со најниска стапка на вакцинација

 

Во изјава за швајцарскиот јавен радиодифузен сервис SRF, швајцарскиот министер за здравство Берсет рече дека сегашната стапка на вакцинација е  многу ниска во споредба со другите европски земји.

Берсет рече дека причината не е јасна, но може да биде затоа што во Швајцарија состојбата со пандемијата не беше толку лоша како во другите земји.

Многу земји поминаа многу лошо, со преполни болници и хорор сцени во единиците за интензивна нега. Во овие земји, интересот за вакцинација е многу поголем. И во Швајцарија, стапката на вакцинација има тенденција да биде повисока во кантоните кои се соочија со тешка ситуација со Ковид-19 рече швајцарскиот министер Берсет.

Во швајцарија вакцинирано е 66% од населението, односно 5,78 милиони швајцарци се вакцинирани со две дози од вакцината. Овој процент швајцарските власти го проценуваат низок со оглед на фактот дека Швајцарија беше една од првите земји што го започна процесот на вакцинација со брзо темпо, но кој подоцна имаше необјаснета стагнација. Светската здравствена организација вели дека за да се постигне колективен имунитет треба да се вакцинира околу 70% од населението.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција