Не е точно дека сите кои склучиле договор за дело со Општина Тетово не работеле ништо

Фото: Вистиномер

Тврдењето  дека над 800 лица од платниот список на Општина Тетово ништо не работеле е неточно. Општина Тетово на 8 јануари соопшти дека  во 2021 година биле склучени вкупно 812 договори на дело, но никаде не стои колку лица биле ангажирани со договор за дело, ниту пак, е наведено дека сите кои биле ангажирани ништо не работеле.  Од соопштението кое Општина Тетово го испрати наредниот ден, може да се види дека станува збор за договори склучени со вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното, додека 244 лица немаат донесено извештај

Тврдењето  дека над 800 лица од платниот список на Општина Тетово ништо не работеле е неточно. Општина Тетово на 8 јануари соопшти дека  во 2021 година биле склучени вкупно 812 договори на дело, но никаде не стои колку лица биле ангажирани со договор за дело, ниту, пак, е наведено дека сите кои биле ангажирани ништо не работеле.  Од соопштението кое Општина Тетово го испрати наредниот ден, може да се види дека станува збор за договори склучени со вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното, додека 244 лица немаат донесено извештај

 

 

Пост на Фејсбук дезинформира во врска со јавно објавените договори на дело кои Општина Тетово ги склучила со граѓаните во 2021 година.

Во објавениот наслов од веста постирана на Фејсбук страницата се вели:

Погледнете го овој список, над 800 лица на платен список во Општина Тетово, а ништо не работеле

Тврдењето  дека над 800 лица од платниот список на Општина Тетово ништо не работеле е неточно.

Општина Тетово на 08.02.2022 година на својата официјална Фејсбук страница соопшти дека се работи за вкупно 812 договори на дело кои поранешната локална самоуправа ги склучила. На лицата кои донеле извештај за сработеното согласно нивниот договор ќе им бидат исплатени преостанатите плати, оние кои не испратиле извештај за сработеното ќе им биде испратено известување за враќање на добиените средства согласно потпишаните договори. Односно, во објавата на Општина Тетово никаде не стои колку лица биле ангажирани со договор за дело, ниту пак, е наведено дека сите кои биле ангажирани ништо не работеле.

Утредента на 09.02.2022 година Општина Тетово испрати ново соопштение до медиумите, од кое може да се види  дека станува збор за договори склучени со вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното согласно договорите, додека 244 лица немаат донесено извештај. И од ова соопштение од Општина Тетово испратено до медиумите  е видливо дека не станува збор за над 800 лица, туку за склучени договори, а како што се наведува голем дел од ангажираните лица веќе донеле извештај за сработеното. Така што, не е вистина дека сите ангажирани со договор ништо не работеле, како што стои во насловот на текстот линкуван во постот.

Во самата објава на Фејсбук, пак, пишува дека:

Општина Тетово,заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело

Оваа информација од Фејсбук постот е точна и станува збор за содржина која ја објави Општина Тетово. И кога ќе кликнете на линкот , целата содржина во текстот што се отвора е точна, освен насловот.

Па, со оглед на тоа што станува збор за вест каде се пренесува соопштението од Општина Тетово, но со наслов којшто ги дезинформира граѓаните тврдејќи дека сите кои биле на платен список ништо не работеле, овој пост го оценуваме како делумна дезинформација.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција