Не е точно дека во детската болница во Киев имало генералштаб на НАТО

Фото: Принтскрин видео

Ниту од украинска, ниту од руска страна не беше посочено дека во болницата во Киев бил погоден генералштаб на НАТО, како што тврди објавата. НАТО како најголема воена организација, не е вклучена во војната во Украина, ниту има распоредено свои војници. НАТО единствено ѝ помага на Украина и ѝ пружа поддршка во обидите да се одбрани од руската агресија која трае повеќе од две години

Ниту од украинска, ниту од руска страна не беше посочено дека во болницата во Киев бил погоден генералштаб на НАТО, како што тврди објавата. НАТО како најголема воена организација, не е вклучена во војната во Украина, ниту има распоредено свои војници. НАТО единствено ѝ помага на Украина и ѝ пружа поддршка во обидите да се одбрани од руската агресија која трае повеќе од две години

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс, која, коментирајќи го рускиот напад врз болница за деца во Киев од 8 јули 2024 година, пишива:

А внатре НАТО генералштаб. Пишете сè.

Објавата споделува и напис од ТВ21, кој известува за нападот врз болницата во Киев во кој првично како што соопшти украинското министерство за внатрешни работи, загинаа 20 лица.

Меѓу погодените згради беше и болницата „Окмадит“ во Киев, најголемиот медицински центар за деца во Украина, кој беше клучен за лечење на најболните деца, пишува меѓу другото ТВ 21.

Во написот никаде не се спомнува дека во болницата бил сместен генералштаб на НАТО.

Такво нешто како информација не произлезе ниту од украинска, ниту од руска страна.

Имено, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за нападот.

Русија не може да тврди дека не знае каде летаат нејзините ракети и мора целосно да одговара за сите нејзини злосторства. Против луѓето, против децата, против човештвото воопшто, напиша Зеленски на Икс, пренесе Гласот на Америка.

Од неговата изјава е јасно дека станува збор за напад врз цивилни жртви, тој никаде не спомнува генералштаб на НАТО.

Такво нешто не кажа ниту Русија, дека целела врз инфраструктура на НАТО. Портпаролот на Кремљ, Дмтириј Песков ја обвини Украина дека е виновна за нападот врз болницата, посочувајќи, без притоа да понуди никакви докази, дека украинскиот противракетен оган е виновен за нападот.

Тој во изјава за Ројтерс го повтори инсистирањето на Москва дека не напаѓа цивилни цели во Украина.

Украинските власти соопштија дека Русија ја нападнала главната детска болница во Киев со руска крстосувачка ракета Kh-101 и дека истурила проектили врз други градови низ Украина, при што загинале најмалку 41 цивил во најсмртоносниот бран воздушни напади со месеци, пишува Ројтерс.

Значи, ниту од украинска, ниту од руска страна не беше посочено дека во болницата во Киев бил погоден генералштаб на НАТО, како што тврди објавата. НАТО како најголема воена организација, не е вклучена во војната во Украина, ниту има распоредено свои војници. НАТО единствено помага на Украина и ѝ пружа поддршка во обидите да се одбрани од руската агресија која трае повеќе од две години.

Досега многупати постоеле обиди да се пласираат дезинформации во јавноста дека НАТО е директно вклучено во војната и Вистиномер ги има дебанкирано истите.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција