Не е вистина дека „крисламот“ е официјална светска религија

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на двете религии. Оваа теоријата на заговор за потпишување декларација за една единствена светска религија – крислам, се ширеше и во 2019 година и истата беше дебанкирана

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на двете религии. Оваа теоријата на заговор за потпишување декларација за една единствена светска религија – крислам, се ширеше и во 2019 година и истата беше дебанкирана

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека верски лидери на Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии усвоиле документ за утврдување на една единствена светска религија која се вика „крислам“, наводно синтеза на исламот и римокатолицизмот. Постот лажно тврди дека неодамнешниот состанок на Конгресот го ратификувал и кодифицирал документот наречен „Документ за човечко братство“ што не е точно.

Со усвојувањето оваа недела од страна на документот на 7. Светски конгрес на религии на човечкото дружење создаден од папата Франциско и Мохамед бин Зајед, хрисламот сега е официјална светска религија. Официјално е, Chryslam сега е кодифициран и ратификуван, со одобрение на документот Human Fellowship од 7-миот Конгрес на светските и традиционалните религиозни водачи. Прашање – Погодете кого заборавиле да поканат на прославата? Одговорот е Исус Христос, Неговото име никогаш никаде не се споменува. Се прашувам кој е тогаш „почесен гостин?, се вели во објавата која ја анализираме.

Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии е иницијатива воведена во 2003 година од страна на поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев. Тој е предвидено да се состанува на секои три години, а целта е да го олесни дијалогот и соработката меѓу главните светски религии и нивните институции и да разговара за итни социополитички прашања низ светот, како што се тероризмот и верската толеранција. Од 2003 година досега се одржале седум состаноци. Конгресот нема овластување да ратификува или кодифицира некој посебен документ, бидејќи не функционира како законодавно тело.

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира соединување на двете религии.

Иако исходот на Конгресот резултираше со низа декларации, од кои во едната се спомнува Документот за човечко братство, тоа не значи „кодификација“ или „ратификација“, бидејќи Конгресот на лидери на светот и традиционалните религии не е законодавна организација, а декларацијата само наведува дека конгресот „ја признава важноста и вредноста на Документот за човечко братство за светски мир и заеднички живот помеѓу Светата столица и Ал-Азхар ал-Шариф“ (точка 13 од декларацијата).

Теоријата на заговор дека папата Франциск потпишал наводна декларација за една единствена светска религија – крислам, се ширеше и во 2019 година и истата беше дебанкирана.

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ позната како „крислам“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето политички и економски случувања во изминатите неколку децении се дел од координираните напори на различни глобални меѓувладини организации за ревизија на меѓународниот политички и економски систем. Во некои толкувања на оваа конспиративна рамка, суштински елемент е создавањето заедничка глобална религија, која последователно ќе го оправда создавањето на тоталитарна глобална влада.

Имајќи го предвид сето погоре, можеме да заклучиме дека тврдењето дека е усвоен некаков документ за една светска религија крислам е лажно. Според тоа, постот кој го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција