Не е вистина дека зборот парламент потекнува од италијанскиот збор за лага

Фото: Главната сала на францускиот Парламент. Извор: assemblee-nationale.fr

Етимологијата на зборот парламент потекнува од старофранцускиот збор parlement како и од латински parlamentum. На старофранцуски зборот parlement се употребувал за да се опише дискусија, средба, преговарање; собрание, совет

 

Етимологијата на зборот парламент потекнува од старофранцускиот збор parlement како и од латински parlamentum. На старофранцуски зборот parlement се употребувал за да се опише дискусија, средба, преговарање; собрание, совет

 

 

Во Фејсбук објава изнесени се невистинити тврдења за потеклото и значењето на зборот парламент. Се тврди дека кованицата на поимот парламент го содржи зборот лага, што не е точно.

На италијански

PARLARE значи зборува

MENTIRE значи лага

Сега бар знаеме како настанал зборот парламент 🎪🗣, пишува во објавата.

Фејсбук објава којашто добива внимание од корисниците на социјалната мрежа ја манипулира јавноста за потеклото и значењето на зборот парламент. Се тврди овој поим е, всушност, кованица од зборовите „зборува“ и „лага“ на италијански јазик, што не е вистина. Со ова се алудира дека во парламентот се зборуваат лаги што е сосема погрешен заклучок, затоа што зборот парламент не потекнува од италијанскиот јазик.

Вистина е дека зборот parlare на италијански значи „зборува“, а зборот mentire се преведува како „лага“, но зборот парламент не е добиен како комбинација од овие два италијански збора.

Парламент, e првобитното законодавно собрание на Англија, Шкотска или Ирска, а потоа и на Велика Британија и Обединетото Кралство; законодавните тела во некои земји кои некогаш биле британски колонии, исто така се познати и како парламенти. Во модерната политика и историја, парламентот е законодавно тело на државата. Општо земено, модерниот парламент има три функции: претставување на електоратот, донесување закони и надгледување на владата преку сослушувања и надзор. Терминот е сличен на идејата за сенат, синод или конгрес и најчесто се користи во земји кои се сегашни или поранешни монархии. Некои контексти ја ограничуваат употребата на зборот парламент на парламентарните системи, иако тој исто така се користи за опишување на законодавниот дом во некои претседателски системи (на пример, Парламентот на Гана), дури и кога не е во официјалното име.

Етимологијата на зборот парламент потекнува од старофранцускиот збор parlement како и од латински parlamentum. На старофранцуски зборот parlement се употребувал за да се опише дискусија, средба, преговарање; собрание, совет.

Зборот парламент е кованица од два збора parle и ment.

Зборот parle е всушност глагол кој се преведува како: „да зборува“, „да дискутира“.

Ment од друга страна нема никаква врска со зборот mentire на италијански, кој значи лаже, односно лажење. Во овој случај зборот ment всушност е суфикс кој се додава на некои глаголи за да се формираат именки кои се однесуваат на дејства, процеси или состојби.

Можеме да заклучиме дека потеклото на зборот парламент нема никаква поврзаност со зборот mentire што на италијански јазик се преведува како лага, како што тврди објавата. Затоа оваа објава ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција