Не се лажете, вакцината не ја менува вашата ДНК

,,Познатиот аналитичар повторно зачудува: Сакаат да ја вметнат во нашето тело крвта на ѓаволот” е насловот на дезинформацијата што ја рецензираме. На социјалните мрежи дезинформацијата е објавена на 24 август на страницата ,,Лајме Експрес”, која има повеќе од 500 илјади следбеници на Фејсбук.
Содржината на текстот што го рецензираме е врз основа на коментарите на Алфред Цако. Иако во горенаведената објава Цако се нарекува „познат аналитичар“ тој всушност е контроверзна фигура од Албанија и коментатор на разни настани и животни појави во насока на конспирациски теории.
Ниедна изјава од ова лице не е базирана на факти и научни извори.
Тоа што е загрижувачко е интеракцијата што ја добила објата на социјалните мрежи. За само неколку денови објавата им се допаднала на околу 630 лица, има 425 коментари и е споделена од страна на 106 други корисници.
Во содржината што ја рецензираме Цако тврди дека „преку вакцинацијата дел од светската елита има за цел да го контролира другиот дел менувајќи ја дури и ДНК на телото“. Дел од коментарот на Алфред Цако, што добил стотици лајкови и споделувања, можете да го видите подолу:
„Сакаат да ни ја сменат ДНК, да не направат како лубеници без семки, што личи убаво но во суштина нема ниедна врска со вистинското овошје. Вакцините се убијци, не ги правеле порано бидејќи во 2018 го открија тоа што се вели во Библијата, земањето на атрибутите на Господ во човековото тело. Војната е започната, каде 1% од населението сакаат да го убијат другиот дел.“
Веќе две години светот се бори против пандемијата и „инфодемијата“
Вирусот што ја предизвика глобалната пандемија Ковид-19, за прв пат се појави во Вухан во Кина во декември 2019 година. Новата и непозната болест за човештвото беше предизвиката од вирус од семесјтвото на коронавирусите. Коронавирусите се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кај луѓето и животните. Кога станува збор за инфекцијата кај луѓето, познати се неколку коронавируси што предизвикуваат болести на респираторниот систем. Новиот вирус го носи името ковид 19, што значи: КО-Корона, ВИ – Вирус, Д(англиски – дизис)- болест, 19 – се поврзува со годината 2019. Овие се официјалните податоци потврдени од научниците на Светската Здравствена Организација.
Со ширење на пандемијата започна и остра кампања на дезинформации која од страна на експертите беше наречена „инфодемија“. Нерелевантни лица, непрофесионални медиуми и конспиративни теоритичари постојано шират лажни вести во јавноста. Во период кога луѓето се соочуваа со непознат вирус дезинформациите предизвикаа голем хаос и збунетост во јавноста, но и го загрозија животот на луѓето со тоа што ги поттикнаа да се оддалечат од правилните начини на третман од вирусот ковид 19.
Алфред Цако целиот овој период ширеше дезинформации околу ковид пандемијата.  Сите негови коментари се основаат на теории на заговор, а не на научни факти. Дезинформациите на Цако еволуираат врз основа на тоа како се одвива ситуацијата со ковид. Во моментов неговите коментари се однесуваат на процесот на вакцинација.
Вакцините се суштинско сретство во борбата против антимикробната резистенција
Вакцинацијата е еден од најефективните начини за превенција на болестите. Вакцината му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и нападне патогените (факторите што предизвикуваат болести) како што се вирусите и бактериите. Невистинито и апсурдно е тврдењето на Алфред Цако дека вакцините убиваат луѓе и дека ни ја менуваат ДНК на телото. Како прво, не е прв пат народот во целиот свет да се вакцинира за да се заштити од една болест. Историски знаеме дека луѓето години наназад се соочувале со разни пандемии и вакцината била решението.
Потоа, имунизацијата е глобална приказна на успех за здравјето и развојот, спасувајќи милиони животи секоја година. Вакцините го намалуваат ризикот за добивање на болест, работејќи заедно со природната заштита на вашето тело за да се создаде заштита.
Кога земате вакцина, вашиот имунолошки систем реагира. Денес имаме вакцини за превенција на повеќе од 20 животозагрозувачки болести, со кои им се помага на луѓето од сите возрасти да живеат подолг и поздрав живот. Актуелно имунизацијата превенира 2-3 милиони смртни случаи секоја година од болести како дифтерија, тетанус, пертусис, грип и морбили, дознаваме од факти на СЗО.
Првата програма за масивна вакцинација против КОВИД -19 започна на почетокот на Декември 2020 година. Во целиот свет се применети најмалку 13 различни вакцини (во четири платформи). Вакцините против КОВИД19 ги поминале сите потребни тестирања пред истите да се оценат како ефективни и ефикасни од страна на соодветните власти. Во Северна Македонија се аплицираат следните вакцини:
Астра Зенека:
Вид на вакцина: аденовирус како вектор, што содржи гени за протеинот Ц од вирусот САРС – СОВ2
Фајзер/Бионтек
АРНТ Вакцина (мРНА) му дава информација на организмот за да произведе карактеристичен протеин на вирусот САРС – Сов2.
Синофарм- Синовак
Неактивиран вирус САРС – Сов2
Спутник В
Вид на вакцина: аденовирус како вектор, што содржи гени за протеинот Ц од вирусот САРС – СОВ2
Повеќе информации за секоја од вакцините што се применуваат во Северна Македонија можете да најдете на овој линк.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција