Нема докази дека руски воз носел нуклеарно оружје

Рецензираме напис кој преку сензационализам има тенденција да привлекува кликови и да ја дезинформира јавноста. Содржината тврди дека е објавено и видео на кое се гледа воз во Русија кој носи нуклеарно оружје…типичен пример за непрофесионален новинарски прилог кој има за цел да предизивика погрешни впечатоци во јавноста, пишува Порталб.мк

Рецензираме напис кој преку сензационализам има тенденција да привлекува кликови и да ја дезинформира јавноста. Содржината тврди дека е објавено видео на кое се гледа воз во Русија кој носи нуклеарно оружје и предупредува дека Западот треба да се плаши од овој потег. Содржината за која станува збор е типичен пример за непрофесионален новинарски прилог кој има за цел да предизвика погрешни впечатоци во јавноста, пишува Portalb.mk.

 

„Сигналот од Русија до Западот го шокира целиот свет“ / Страшниот караван на Путин се движи со нуклеарна опрема, е насловот на содржината што ја рецензираме. Материјалот е објавен на порталот „Њуз29 медиа“, на почетокот на октомври. Материјалот во јавноста е претставен како „вест“, иако не задоволува ниту еден медиумски критериум, а материјалот е полн со правописни и технички грешки.

Содржината што ја разгледуваме тврди дека конвој руски воени возила „превезува нуклеарна опрема“, а второто тврдење од оваа содржина е дека овој потег „може да биде сигнал за Западот“. Овие тврдења се проследени со употреба на сензационалистички зборови како „Морничави слики од конвојот…“

Нелогичните тврдења, кои не се засновани на никакви релевантни факти или извори, продолжуваат во вториот пасус од содржината што ја разгледуваме.

Видеото, снимено на непозната локација во Русија, покажува воз натоварен со возила и персонал, кој очигледно се упатил кон линијата на фронтот во Украина. Одбранбениот аналитичар Конрад Музика рече дека возот е поврзан со единица која управува со десетици центри за складирање на нуклеарно оружје.

Иако медиумскиот производ има само текст и слика, во содржината се тврди дека има и видео од „воениот конвој“, но местото каде е снимено ова видео не е наведено. Всушност, оваа содржина има само една слика на која е прикажано руско тешко оружје без да се прецизира за какво оружје се работи и кога е направена фотографијата. Со едноставно пребарување на Google Lens, сфаќате дека фотографија се користи како илустративна фотографија при известувањето на различни светски медиуми. Оваа фотографија е направена во јуни 2020 година за време на воената парада во Москва.

Визуелни совпаѓања според Google Lens
Руска воена опрема / Фотографија од воената парада во Москва во јуни 2020 година

Дали е вистина дека „нуклеарен воз“ тргнал кон Украина?

Точно е дека на почетокот на октомври на социјалните мрежи беа објавени слики од воз со воени возила, но никаде немаше официјална информација дека се работи за нуклеарно оружје. Иако без официјални податоци, објавените слики шират страв од можна ескалација на војната во Украина, а некои експерти дури порачаа дека западните земји треба сериозно да го третираат ова прашање.

По објавувањето на сликите на социјалните мрежи, светските медиуми објавија дека воз кој превезувал воена опрема се наоѓал во Сергиев Посад, североисточно од Москва. Ова е приближно 550-600 километри од украинската граница и само од видеото не може да се потврди каде оди возот. Од истражувањето на објавеното видео, воените аналитичари утврдиле дека всушност не се работи за нуклеарно оружје. Возот превезувал оклопни возила БПМ-97 – користени од различни руски воени единици.

Burimi i fotografisë SKYNEWS
Извор на фотографија SKYNEWS

 

Форбс Мекензи, поранешен разузнавач на британската армија и главен извршен директор на „Мекензи разузнавачки услуги“, изјави за Скај њуз дека можното објаснување за објавеното видео е дека овие потези се предупредување за Западот. Како што објаснува Мекензи, преку овие потези Русија се обидува да покаже дека ако сака да користи тактичко оружје, може да го стори тоа. Сепак, ова се прилично суптилни тврдења и секој што емитува такви тврдења треба да биде внимателен.

„Во ниту еден момент не се забележани копнени сили на руска страна како се подготвуваат да дејствуваат во нуклеарна средина. Има многу специјални единици кои мора да се унапредат за да се распоредат нуклеарни капацитети, а трупите на теренот мора да бидат опремени со униформа за хазмат (хемиска заштита-н.з.). Не сме виделе такво нешто. Силно би тврдел дека Русија не може да си дозволи да распореди нуклеарно оружје. Тоа е билет во еден правец за губење, тоа ни е кажано јасно и сигурно од НАТО“, рече Мекензи.

Во меѓувреме, висок функционер на Пентагон изјави дека САД немаат „ништо да докажат“ во врска со тврдењата дека Русите го пренесуваат тактичкото нуклеарно оружје по железница. Официјалниот претставник додаде дека тие не гледаат индиции дека Русија ќе ги натера САД да го сменат својот став за нуклеарната закана.

Објавената содржина е во спротивност со неколку точки од новинарскиот етички кодекс

Авторот на содржината што ја рецензираме, намерно или ненамерно, извршил пропаганда што ја фаворизира Русија. Авторот се обидува да ја прикаже оваа држава како супериорна и воено помоќна од другите, во овој случај од западните држави. Со оглед на контекстот на тензиите меѓу НАТО и Русија низ години наназад, авторот се приклонува кон втората, сензационално обидувајќи се да ја прикаже моќта и доминацијата на руската армија и оружје од кои Западот треба да се плаши.

Намерно или ненамерно, со објавување на ваков медиумска содржина, авторот прекршил некои основни принципи на Етичкиот кодекс на новинарите. Еден од новинарските принципи што не е почитуван е во содржината што ја рецензираме е:

„Улогата на новинарите е да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во преносот на информациите, новинарите мора да бидат искрени, објективни и точни“.

Значи, какви и да се личните размислувања или коментари на новинарот за време на известувањето, тие треба да се остават настрана и да се известуваат објективно. Едно од етичките вредности кои авторот на оваа содржина требал да го земе предвид е:

Во случаи на непогоди, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски процеси, информациите не треба да содржат сензационализам.



Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција