Ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во „Мета“ и автор во „Вистиномер“

Владе Ѓорчев. Фото: Мета

 

„Вистиномер“ остана без еден од своите најревносни и најредовни автори, а сите ние останавме без еден од нашите највредни колеги и новинарски професионалци

 

Скопје, 20 ноември, 2016 – 11:18 (META) – Во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот колега Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“.

Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев беше познат новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“ и „Либертас“.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот, а погребот ќе биде во 13 часот.

 

Написите на Владе за „Вистиномер“ можете да ги најдете овде.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција