Невистина е дека Русија тестира нуклеарно оружје

Foto: Skrinshot

Соджината што ја рецензираме е скратена медиумска содржина која лошо информира и шири конфузија и загриженост во јавноста. Медиумскиот производ е објавен на портал на албански јазик, при преводот од странски јазик материјалот е изваден од контекст и нема релевантен факт или извор за да се заснова информацијата што ја пренесува, пишува Portalb.mk

Соджината што ја рецензираме е скратена медиумска содржина која лошо информира и шири конфузија и загриженост во јавноста. Медиумскиот производ е објавен на портал на албански јазик, при преводот од странски јазик материјалот е изваден од контекст и нема релевантен факт или извор за да се заснова информацијата што ја пренесува, пишува Portalb.mk

 

„Што се случува во Русија? На небото се појавуваат мистериозни светли „колони“. Дали се тестира повеќе нуклеарно оружје“ е насловот на содржината што ја рецензираме. Содржината е придружена со фото колаж кој прикажува колона со жолто светло и се состои од два параграфи. Содржината објавена на 7 октомври 2022 од порталот „Инстант“ и тврди дека „војската на Путин можеби тестира ново оружје“. Порталот ова тврдење го темели на некои коментатори на социјалните мрежи. Содржината што ја прегледуваме станува уште почудна во вториот пасус бидејќи е во спротивност со самата „вест“ што е објавена.

„Од друга страна, има многу кои мислат дека ова би можело да биде природен феномен, па дури и радијација што ја емитуваат сателитите. Сè започна откако на социјалните мрежи беа објавени неколку фотографии на кои овие светли колони беа видливи на темното небо, додека нивниот извор не беше забележлив, бидејќи видното поле беше покриено со куќи. Посигурна е идејата дека овие можеле да се создадат како резултат на тест за создавање на ново оружје, со оглед на тоа дека војната со Украина се уште трае“, се вели во содржината што ја рецензираме.

Од површна анализа може да се заклучи дека се работи за скратена медиумска содржина која не само што не ја информира јавноста туку пред се предизвикува непотребна загриженост кај читателите. Во такви случаи, читателите треба да бидат многу внимателни за информациите што ги консумираат.

Всушност, „вестите“ за „мистериозни“ светла во Русија се проширија на повеќе медиуми и јазици. На социјалните мрежи се појавија фотографии и слични содржини и на македонски јазик. Анализата на тимот на visitinomer.mk потврди дека: Нема докази дека жолтите светла на небото на некои руски градови се ласерско оружје

Која е вистината зад „мистериозните“ светла што се појавија во Белгород, Русија?

Руските жители во градот Белгород, кој се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина, изјавија дека биле сведоци на жолта светлина што се била издигната од површината на земјата кон небото. На 4 и 5 октомври фотографии и видеа беа објавени на социјалните мрежи од жители во Белгород. Социјалните мрежи беа бомбардирани со можни објаснувања за светлата, некои тврдеа дека светлината е предизвикана од тестирање на ново руско оружје, додека други тврдеа дека тоа е природен феномен.

Рускиот дневен весник Комсомолскаја Правда објави видео од феноменот на YouTube и напиша:

Тест на строго тајно оружје или вообичаен природен феномен? Жителите на Белгород се во загуба.

Сугестија дека светлата можеби се ласери беше објавена од московскиот весник „Московскиј Комсомолец“ во напис на интернет на 5 октомври. Во написот се тврди дека воениот дописник Андреј Руденко рекол дека армијата тој ден го користела „најновото оружје на Руската Федерација“. Руденко додаде уште повеќе сомнежи дека:

Поради околностите, веројатно нема да дознаеме, но многу луѓе денеска го видоа сјајот на небото.

Оваа изјава може да се припише на употребата на ласерот “Peresvet”, но има многу малку информации за ова оружје и нема извор кој укажува на тоа дали ова оружје би произведувало жолт зрак. Според воената веб-страница за вести „ArmyRecognition.com“, „Peresvet“ моментално е во развој, ова оружје го најави рускиот претседател Владимир Путин во 2018. Се вели дека ласерот може да ги „заслепи“ сателитите на оддалеченост од 1.500 км. Сепак, експертите во оваа област изјавија дека е малку веројатно зракот насочен кон вселенски сателит кој се движи да биде фиксиран во позиција и насочен директно нагоре.

Илустрацијата прикажува ласер од земја како удира и уништува сателит. Русија тврди дека има ласер од земја кој ги заслепува сателитите во орбитата

Друг можен извор на светла е природен феномен инаку познат како светлосни колони или светлосен столб. Ова објаснување го изнесе рускиот весник РБЦ, кој го цитираше Михаил Леус, специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“.

„Всушност, столбовите на светлината забележани на небото се оптички феномен во атмосферата што носи такво име „колона на светлината“. Светлосните столбови во атмосферата се оптички феномен, вид на ореол создаден со прекршување на светлината во ледените кристали. Ова може да се случи кога сонцето или месечината се ниско на хоризонтот околу изгрејсонце или зајдисонце“, рече Михаил Леус.

Рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на научници од Универзитетот во Белгород, исто така заклучи дека „халос“ најверојатно се предизвикани од оранжериите во областа. Кен Карслав е професор на Институтот за климатски и атмосферски науки на Универзитетот во Лидс во Обединетото Кралство. Во изјава за Newsweek, тој исто така рече дека овој природен феномен е можен.

Тие се случуваат во облаци со рамни ледени кристали кои се порамнети хоризонтално така што сите тие се рефлектираат надолу во иста насока врз извор на светлината. Се разбира, за да ја видите оваа појава потребен ви е мраз. Во Белгород моментално е околу 11 степени Целзиусови, што значи дека овие облаци мора да бидат најмалку 1 км над земјата или можеби повеќе – облачниот мраз обично не се формира ако нема пониски температури. Кога би имало некакви слики кои го прикажуваат овој зрак на многу пониски височини, тогаш не би имал објаснување, изјави Кен Карслав за Newsweek.

Слични светлосни столбови над Белгород беа пријавени и претходно – жолти колони кои се протегаат по небото – и локалните медиуми ги објаснија како метеоролошки феномен, објаснување што најверојатно е и во овој случај. Истиот феномен го објавија руските медиуми на 16 февруари 2020 година.

Русија до денес не користела нуклеарно оружје

Последната изјава на Столтенберг е факт дека и покрај заканите, па дури и тврдењата, Русија до денес не користела нуклеарно оружје. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија дека ќе се премине „многу важна линија“ доколку употреби нуклеарно оружје во Украина. Столтенберг рече дека нема да го открие можниот одговор на одбранбената алијанса во таква ситуација, но рече дека ќе има „сериозни последици“.

Околностите во кои НАТО би можел да користи нуклеарно оружје се „исклучително далечни“, рече тој на прес-конференција. Сојузниците на Украина од 50 земји се состанаа во седиштето на НАТО во Брисел на самитот што Киев го нарече „историски“.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција