Невзат Бејта

Невзат Бејта е актуелен градоначалник на општина Гостивар и поранешен министер, како и висок функционер на ДУИ.

 

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Невзат Бејта е роден на 19 октомври 1961 во с. Дуф, Гостиварско. Тој е оженет и татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно училиште завршил во ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар, а средно образование во гостиварската гимназија. Дипломирал на Приштинскиот универзитет – Филозофски факултет, на отсекот Историја.

КАРИЕРА

По дипломирањето, Невзат Бејта работел како професор во ОУ „Прпарими“ во село Чегране, а од 1987 до 2002 година бил професор по историја во гостиварската гимназија.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Невзат Бејта е моментален градоначалник на Општина Гостивар. На локалните избори 2013 го победи тогашниот градоначалник Руфи Османи со 1.144 гласови разлика во вториот изборен круг.

Бејта со политичка дејност почнал да се бави уште во 1993 година, кога бил претседател на Културната заедница на Албанците во Македонија. Во гостиварските настани од 9 јули 1997, Невзат Бејта беше осуден. Во 2001 година се приклучил во редовите на ОНА.

 

Пратеник, градоначалник, па министер

Бејта од 2002 до 2005 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2005 до 2009 година беше градоначалник на општина Гостивар и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС). На локалните избори 2009 беше убедливо поразен од страна на Руфи Османи. Во 2009 година стана заменик-претседател на ДУИ, а во периодот 2011-2013 беше министер за локална самоуправа во владата на Никола Груевски.

По поднесената оставка на министерското место, тој по трет пат се кандидираше за градоначалник на Гостивар. На локалните избори одржани во март 2013 година славеше победа над Руфи Османи и го освоил својот втор градоначалнички мандат. Против-кандидатот Османи најави протести поради наводен „изборен фалсификат“ и „политички реваншизам“ за отпуштањето на вработени од претходната општинска администрација.

 

 

ИЗВОРИ

Википедија: Невзат Бејта

Македонска верзија на веб-сајтот на општина Гостивар: Градоначалник на општина Гостивар – Биографија

http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/kryetari-i-komunes

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција