Ништо чудно не се појавило на скопското небо

Фото: Скриншот од текстот што се рецензира

Текстот што го рецензираме има за цел да манипулира со читателите, муслимански верници. Текстот со бомбастичниот наслов „СубханАлах / Во околината на Скопје, снимајќи џамија, на небото се појавува нешто чудно (ВИДЕО)“, зборува за „вонземјани“ (алиени), мислејќи на вонземски суштества или суштества кои не се создадени на планетата Земја и кои на англиски се нарекуваат alien

Текстот што го рецензираме има за цел да манипулира со читателите, муслимански верници. Текстот со бомбастичниот наслов „СубханАлах / Во околината на Скопје, снимајќи џамија, на небото се појавува нешто чудно (ВИДЕО)“, зборува за „вонземјани“ (алиени), мислејќи на вонземски суштества или суштества кои не се создадени на планетата Земја и кои на англиски се нарекуваат alien

 

Од Ферикан Иљази Арифи,

Авторот има за цел да привлече кликови со текст што нема воопшто вредност и со измислени нешта. Авторот на текстот ја користи џамијата како „мамка за кликнување“, додека во моментот кога ќе се отвори текстот има само фотографии кои се преземени од видеа што не постојат, бидејќи се избришани. Ова е шегување со верниците, исмејување на муслиманите затоа што нивното свето место за молитва се користи за да се стави во контекст на квази – информација.

„Видео снимено пред околу 18 дена, лицето снимајќи ја џамијата во едно скопско село, откако го објави видеото на социјалните мрежи, на небото се забележува чудна појава, се појавува во форма на Вонземјанин“, пишува во текстот што го рецензираме.

Во продолжение се зборува за вонземјани, заокружувајќи нешто на фотографијата, што пак, се чини дека е месечева светлина. Најпроблематичен е воведот на текстот со џамијата и со зборот субханалах (слава му е на Алах), ова е јасен показател за идејата на авторот на текстот, да ги поттикне читателите да кликнат на видеото што веќе не постои, за да го видат наводното чудо, или вонземјаните. Никаде на фотографијата не се гледа чудо.

Досега ниту една научна или истражувачка институција не го докажала постоењето на „вонземјани“. Целата дебата за нив е теоретска и хипотетичка и често се базира на теории на заговор. Од друга страна, има многу филмови и други уметнички продукции кои се нереални. Да се ​​појавеше нешто чудно над Скопје на оваа локација, сигурно ќе имало други лица кои би го документирале случајот, но според она што го проверивме, нема никакви објави или вести од други медиуми кои ја потврдуваат информација.

„Внимателно погледнете го целото видео:“, упорно поттикнува авторот.

Јасно е дека целта е да се добијат кликови, манипулација и ништо друго особено затоа што природата на овој тип лажни и манипулативни текстови е да се избришат, коригираат или целосно да се отстранат од мрежата откако ќе му наштетат на читателот.

Текстот е „Манипулација со придружниот материјал (аудио/видео документарна содржина)“ и „Таргетирана реклама (наменета кон целната публика)“, за која можете да прочитате повеќе во прирачникот на Crithink за медиумска едукација.

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција