Објавен новиот Прирачник за дебанкинг 2020

 

Центарот за комуникации за климатски промени при Унверзитетот „Џорџ Масон“, го објави најновиот Прирачник за дебанкинг 2020, предводен од авторите Стефан Левандовски, Џон Кук и Ултрит Икерт ( Stephen Lewandowsky, John Cook,Ullrich Eckert).

Овој Прирачник ја сумира моменталната состојба на науката за дезинформации и нејзиното разоткривање. Напишан е од тим од 22 истакнати научници за дезинформации од различни универзитети низ светот, а претставува тековен консензус за науката за разоткривање на лажни вести, на ангажирани граѓани, креатори на политики, новинари и други практичари.

Според авторите, Прирачникот е документ кој е создаден од иновативен процес кој опфаќа низа однапред дефинирани чекори, документирани и јавно достапни. Авторите беа повикани врз основа на нивниот научен статус во областа, и сите тие се согласиле за точките наведени во прирачникот. Затоа, новиот прирачник го одразува научниот консензус за тоа како до борба против дезинформациите.

Имено, ова е ажурирање на Прирачникот за дебанкинг, објавен во 2011 година. Она што е ново од оригиналниот прирачник е дека во последните 10 години, има подобро разбирање за ове феномени како резултат на повеќе докази – за тоа како да се спречи дезинфорањето, пред сè најдобрите практики за разоткривање на дезинформациите кои се веќе  достапни.

На пример, има податоци колку се важни иницијативите за медиумска писменост во спречување на дезинформациите. Исто така, во Прирачникот се внесени некои загрижености, како што е „back fire effect”, што, всушност, може да направи некој уште посилно да верува во лажните информации – не е чест феномен. Повеќе информации и самиот прирачникот може да се најдат во следниот линк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција