Објавата е сатирична – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Фото: Мета.мк

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Од коментарите на авторката под објавата е евидентно дека таа ја напишала саркастично, но дел од корисниците ја сфатиле сериозно

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Од коментарите на авторката под објавата е евидентно дека таа ја напишала саркастично, но дел од корисниците ја сфатиле сериозно

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ми олесна сега откако победија вмро. Нема да морам да менувам важечки документи. #иметодаговратите

Министерството за внатрешни работи на 11 февруари 2024 година преку соопштение ги извести граѓаните дека од 13 февруари 2024 година престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

Тоа е во согласност со веќе донесените законски измени а во врска со Преспанскиот договор.

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава.

Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, информираше Министерството за внатрешни работи преку јавно соопштение.

Што се однесува до личните карти, тие важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.

За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти, информираше МВР.

 Со стара важечка лична карта може да се напушти државата на границите кон Србија, Косово и кон Албанија.

Меѓутоа, дефинитивно е дека сите граѓани наспроти изнесеното во објавата, ќе мора да ги заменат личните документи откако ќе им истече важноста односно рокот на важење, така што не е точно дека со самото тоа што на парламентарните избори победила ВМРО-ДПМНЕ, сега нема да има потреба да се менуваат личните документи. Особено за пасошите, оние на кои е испишано името „Република Македонија“ не се важечки, а за личните карти уште се прават отстапки, но само додека им е рокот на важење испишан на личните карти со старото име.

Од коментарите на авторката под објавата е евидентно дека таа објавата ја напишала саркастично, но дел од корисниците ја сфатиле сериозно. Во еден од коментарите под објавата пишува:

Мислам дека ќе мора да менуваме, до 31.12. важат, дај Боже да не мора, ама тешко, пишува една од корисничките.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како сатира.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција