Објавата шири невистини, Џо Бајден го посетил Мауи

Фото: Принтскрин видео

Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот

Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден, заминал на одмор во Невада и сè уште не го посетил Мауи на Хаваи, кој беше погоден од страшен пожар кој однесе повеќе од 100 животи. Ваквото тврдење не е точно.

Бајден слета во Невада на уште еден одмор, сè уште не го посетил Мауи. Бројот на загинати во пожарите до сабота достигна 114.

Не е точно дека Бајден не го посетил Мауи. Бајден заминал на одмор во Невада, но истиот го прекинал за да замине на Мауи каде се сретнал со тамошните власти и жители, изразувајќи им поддршка за трагедијата.

Посетата на Бајден на Мауи се случила на 21.08.2023 (понеделник), а за неа известија странските медиуми.

Претседателот Бајден, во придружба на неговата сопруга Џил Бајден, во понеделникот ги обиколил изгорените останки на Лахаина, крајбрежен град на хавајскиот остров Мауи, во неговата прва посета по разорните шумски пожари кои убија повеќе од 100 луѓе и оставија зад сцената извртени метални и издлабени домови, пишува Њујорк тајмс во својот извештај за посетата на Бајден на Мауи.

Бајден, кој го прекина својот летен одмор на езерото Тахо во Невада, се сретна со преживеаните од пожарите и со работниците за итна помош и државните и локалните власти, а направил и воздушна обиколка на остатоците од пожарот, се додава во написот на Њујорк тајмс кој е придружен и со фотографии.

Претседателот Џо Бајден во понеделникот пристигна во опустошениот Мауи за да биде сведок на пустошот што го остави пеколот пред повеќе од една недела и самиот да го процени одговорот на владата за кој некои жители првично сметаа дека недостасува, пишува Си-ен-ен за посетата на Бајден на Мауи.

За време на посетата, претседателот се обидел да ги увери жителите дека федералната влада ќе го поддржи нивното закрепнување, информира Си-ен-ен.

За посетата на американскиот претседател на Мауи има и видеа, како на пример ова:

Од сето ова можеме да заклучиме дека претседателот на САД, Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот. Тврдењето дека тој не го посетил Мауи е неточно и поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција