Облаците на оваа фотографија се природни, а не резултат на ХААРП или прскање од авиони

Фото: Nikki DawsonPixabay

Облаци како на фотографијата објавувани се многупати досега, тие се природни облаци, не се креирани ниту од ХААРП, ниту од некакво запрашување со авиони. ХААРП не произведува вода во атмосферата, ниту пак, има контакт со постоечките облаци, па не може да биде ниту теоретски причинител на облаци со чудна форма. Прскањето од авиони како децениска теорија на заговор, уште ги мами корисниците на социјалните мрежи и покрај тврдењата на научната јавност дека не постои таков масовен заговор

Облаци како на фотографијата објавувани се многупати досега, тие се природни облаци, не се креирани ниту од ХААРП, ниту од некакво запрашување со авиони. ХААРП не произведува вода во атмосферата, ниту пак, има контакт со постоечките облаци, па не може да биде ниту теоретски причинител на облаци со чудна форма. Прскањето од авиони како децениска теорија на заговор, уште ги мами корисниците на социјалните мрежи и покрај тврдењата на научната јавност дека не постои таков масовен заговор

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

05.01.2024
 Овие облаци не се природни.
 Можеби сте слушнале за ХААРП.
 Дали ги забележавте авионите кои прскаат отрови?

Во објавата се споделува фотографија со облаци на небото и притоа се тврди дека наводно нешто со нив е необично, а згора на тоа се додава дека имало авиони кои прскаат отрови и се споменува ХААРП.

Наспроти изнесеното во објавата, дека облаците на фотографијата не биле природни, тие исклучително многу наликуваат на алтокумулусни облаци. Тоа се облаци кои најчесто постојат во форма на заоблени купчиња. Постојат многу варијанти на алтокумулусни облаци, што значи дека тие можат да се појават во различни форми. Алтокумулусите се составени од мешавина на мраз и вода, што им дава малку поетеричен изглед. Има повеќе форми на алтокумулусни облаци меѓу кои и алтокумулус стратиформис, чии фотографии може да се погледнат на следниот линк и кои наликуваат на облаците од фотографијата во објавата што ја рецензираме. Следствено, не е точно дека облаците споделени во неа не се природни.

Понатаму во објавата овие облаци се поврзуваат со ХААРП. Станува збор за невистина којашто веќе е проверувана и дебанкирана од страна на проверувачите на факти на Фул Фект. 

ХААРП не произведува вода во атмосферата, ниту пак, има интеракција со постоечките облаци, така што не може да биде причинител за облаците на фотографијата споделена во објавата. ХААРП не може да го контролира времето, ниту да има интеракција со облаците. Според самиот објект, радиобрановите кои ги трансмитира ХААРП не се апсорбираат ниту во тропосферата, ниту во стратосферата, а тоа се двете нивоа на атмосферата каде што се создаваат временските услови.

Фотографии од облаци како оние што се забележуваат во објавата што ја рецензираме, се снимени многупати претходно. 

Станува збор за природна појава, а обидот таа да се асоцира со ХААРП (високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД) е неоснован. Научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска, и инсталираа 180 високофреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радиобранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (високфреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас. Тоа е функцијата на ХААРП, а не креација на облаци.

Во објавата што ја рецензираме, исто така, се споменува дека од авиони се прскаат отрови. Вистиномер веќе ја има дебанкирано таа дезинформација.

Професорот Дејвид Кит од Универзитетот Калгари, се сретнал со луѓе загрижени дека постои прскање од авиони односно кемтрејлс. Видеото од неговата посета, којашто била снимена,  може да се најде на следниот линк . Самиот професор ги упатува лицата коишто имаат сомнежи дека кемтрејлс постојат, да го погледнат видеото.

Тој вели:

Ако верувате во кемтрејлс, запрашајте се како може да сте толку сигурни дека има навистина некаква голема теорија на заговор. Имајте предвид алтернативни, едноставни објаснувања. Запомнете дека интернетот е исполнет со луѓе кои се апсолутно сигурни за работи кои не се вистина. Запомнете дека владите може да чуваат тајни коишто вклучуваат само неколку луѓе, но многу се невешти кога треба да чуваат голема програмска тајна. Ако мислите дека контрејлс од авионите изгледаат различно или се чудни, имајте предвид дека авионските кондензациски траги некогаш траат подолго време и начинот на кој изгледат може ненадејно да се промени бидејќи авионите летат низ различни температури и влажност. Ова е многу добро разбрано и демонстрирано од опсервации и научни докази спроведени од илјадници луѓе низ многу децении

За да докаже дека оваа теорија на заговор е неточна и ги измамува луѓето, Форбс објави студија, според која 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција