Оливер Андонов


Warning: Use of undefined constant izjavi - assumed 'izjavi' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 665

 

Оливер Андонов во македонската историја се запиша како „министер за еден ден“, по што стана дополнителен заменик-министер во МВР. Познат е и како еден од најгласните припадници на ГДОМ.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 27.02.1971 година во Скопје, а во младите години живеел во Крива Паланка.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Крива Паланка. Потоа се запишува во Средното воено училиште на Копнената војска во Сараево, каде учи од 1985 до 1989 година.

Дипломира на Институтот за одбрана на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје во 1999 година, со звање дипломиран професор по одбрана-дефендолог, со средна оценка на студиите 7,74.

Магистрира на истиот институт на мултидисциплинарните студии по одбрана, безбедност и мир и развој во насоката мир и развој во 2007 година на тема „Етнополитичката мобилизација и конфликтниот процес во Република Македонија”, со просечна оценка 9,25.

Докторира на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во 2010 година на тема „Моделот за рано предупредување на Европската унија и неговото влијание врз безбедносната политика на Република Македонија” и се стекнува со звање доктор по мир и развој, како мултидисциплинарни студии од областа на безбедносните, одбранбените и политичките науки.

Во периодот од 2010 година досега објавил и презентирал осум стручни трудови во надворешни и домашни списанија, односно на домашни и меѓународни настани. Објавил и 17 научни трудови во меѓународни списанија и четири научни труда со импакт фактор во меѓународни списанија, како и една монографија и два високошколски учебници.

Како предавач, редовен учесник е на Регионалниот Евро-Атлантски камп во Црна Гора каде што има свој семинар за студентите од повеќе држави од Европа, поврзан со актуелните политички и безбедносни состојби во регионот, особено во врска со односите на Република Македонија со Грција.

Во моментот работи на подготовка на постдокторските студии (голем докторат) на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Софија на тема „Националните интереси во геополитиката на Балканскиот јазол“.

Покрај мајчиниот македонски, зборува српски, бугарски и англиски јазик.

 

 

КАРИЕРА

По завршувањето на Средното воено училиште на Копнената војска во Сараево, стапува во активна воена служба во ЈНА како водник во артилерија. Од 1989 до 1992 година работел во повеќе гарнизони како артилериски подофицер во ЈНА.

Во периодот од 1992 година до 2004 година работел во АРМ во гарнизоните Куманово и Скопје. Во 2001 година учествува во борбените дејства командувајќи со единица во реоните на Скопска Црна Гора, Куманово и Арачиново. Кон крајот на 2001 па до крајот на 2002 година работи како офицер за мобилизација и воена резерва во Командата на КоВ во Куманово. Во периодот од 2002 до 2004 година бил како командир на питомечки вод на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” и наставник по предметите Методика на Правило на служба, Методика на строева обука и Топографско-геодетска подготовка на артилериски гаѓања.

Од 2004 до крајот на 2009 година работел во МВР – во граничната полиција во РЦ Југ, ПС Маркова Нога, ПС Сопот и криминалистичката полиција во одделот за недозволена трговија со дрога и оружје во Секторите за внатрешни работи во Скопје и Куманово.

Во периодот од 2007 до 2009 година покрај работата во криминалистичката полиција Оливер Андонов работи како насловен асистент по предметот Разрешување на конфликти на Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.

Во периодот од 2009 до 2011 година е асистент по предметите Разрешување на конфликти и Обука во стрелање со л/о, како и наставник под менторство по предметот Детективска тактика во летни услови, на Европскиот универзитет-Република Македонија во Скопје на Факултетот за детективи и криминалистика. Во септември 2011 година е избран во наставно звање Доцент на Факултетот за безбедност и финансиска контрола на МИТ Универзитетот во Скопје и наставник по три предмети. На истиот универзитет во февруари 2013 година е избран и во звање доцент по Етиологија на загрозувањето, за група предмети. Добива отказ од тој универзитет во текот на 2016 година, поради непочитување на работните односи.

Вкупното академско искуство на Оливер Андонов на Воената академија, на Полициската академија, на Европски универзитет и на МИТ Универзитет изнесува повеќе од 9 години. Воедно, од академската 2012/2013 година се до 01.04.2016 година бил раководител на меѓународната соработка и Еразмус канцеларијата на МИТ Универзитетот. На покана на Меѓународниот универзитет „Либертас“ од Дубровник, Д-р Андонов е визитинг наставник на факултетот за меѓународни односи и дипломатија по предметот „Меѓународна безбедност, мир и конфликти“ во летниот семестар во академската 2015-2016 година со фонд на часови од 50 часа.

Од мај 2016 година Андонов е наставник во звање Доцент на катедрата по безбедност на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“.

 

Контроверзи околу работата на МИТ

Сопственичката на универзитетот МИТ, Билјана Апостолова, на 6 октомври 2016 година обелодени дека додека работел на тој универзитет, Андонов донел лекарски наод со дијагноза со која не би смеел да предава, и посочи дека останува на надлежните за неговото ново работно место да проценат дали може да ги извршува обврските.

Таа не откри за која дијагноза станува збор, но кажа дека тој заедно со друг колега се заканувале на сите колеги на универзитетот, како и дека во текот на цела 2016 година додека бил вработен на МИТ имало проблеми во комуникацијата меѓу Андонов и неа и ректорот на универзитетот, од кого добил и опомена во 2013 година. Апостолова обвини дека Андонов не доаѓал на работа.

Тој пак два дена подоцна ги демантираше таквите тврдења и рече дека е психофизички здрав за да ја извршува работата на дополнителен заменик-министер и не му е одземена деловната способност.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Оливер Андонов се запиша во македонската историја како министер за еден ден. Тој на 1 септември 2016 година беше назначен за министер, а следниот ден си даде оставка, по што во втората техничка влада на Емил Димитриев беше назначен за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

 

 

ИЗВОРИ

Оливер Андонов - министер за внатрешни - 2 септември 2016Биографија на Оливер Андонов како министер за внатрешни работи, поставена на 1 и 2 септември 2016 година на веб-сајтот на МВР (кликнете на фотографијата лево)

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција