Основците од прво до петто одделение во Кавадарци добија бесплатна ужинка
Во кампањата за локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, вети бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Ова ветување на Јанчев е исполнето, од почетокот на мај основците од прво до петто одделение во Кавадарци добиваат бесплатна ужинка.
Ветување: Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение во Кавадарци
[Извор: Тајм.мк; Нетпрес; Датум: 28.09.2021]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, дадено за време на кампањата за локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година, е исполнето. Од почетокот на овој месец основците од прво до петто одделение во Кавадарци добиваат бесплатна ужинка.

Од кабинетот на Јанчев деновиве (02.05.2023) информираа дека локалната самоуправа во Кавадарци обезбедила бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта.
Ова значи официјално реализирање на ветениот проект ,,Оброк за секое дете”, што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, изестија од Општината.

Информација и фотографии за реализација на проектот „Оброк за секое дете“ на Фејсбук сподели и градоначалникот Јанчев, а веста беше објавена и во дел од медиумите.
ИЗВОРИ:
- Нетпрес (28.09.2021): Митко Јанчев ветува бесплатен оброк за сите ученици во Кавадарци од прво до петто одделение [Проверено на: 05.05.2023]
- Тајм.мк (28.09.2021): Митко Јанчев ветува бесплатен оброк за сите ученици во Кавадарци од прво до петто одделение [Проверено на: 05.05.2023]
- МКД (02.05.2023): Во Кавадарци од денеска учениците од прво до петто одделение имаат бесплатен оброк [Проверено на: 05.05.2023]
- Тајм.мк (02.05.2023): Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение од денеска во Кавадарци [Проверено на: 05.05.2023]
- Фејсбук профил на градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев (02.05.2023): Оброк за секое дете [Проверено на: 05.05.2023]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар