Отворена е општинска канцеларија во Волково

Фото: opstinagpetrov.gov.mk

Ветување: Истурена канцеларија на општината – На територијата на Општина Ѓорче Петров постојат населени места што се оддалечени од општинската зграда и од општинската администрација, при што нашите сограѓани немаат соодветен пристап до службите на Општината за завршување на секојдневните комунални и административни потреби. Покрај легализацијата, која ќе ни биде врвен приоритет, планираме во Волково да отвориме истурена канцеларија на Општината каде што граѓаните од населените места Стопански Двор, Кисела Јабука, Ново Село, Волково, Пржина, Никиштани и Кучково ќе можат на едно место да ги поднесуваат своите барања за сите сфери што се од надлежност на Општината. Примените барања, предлози и идеи ќе бидат администрирани од Општината и ќе им бидат вратени на граѓаните преку истурената канцеларија на Општината заради непосредно учество во локалната самоуправа. (Рок: 2017 – 2018 година)

[Програма на градоначалникот на Ѓорче Петров за локалните избори 2017 година „Живот за Ѓорче Петров“ стр. 26]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски дадено за време на локалните избори во 2017 година, дека ќе отвори истурена канцеларија на Oпштината во Волково, е исполнето.
Имено на 21 декември 2017 година во Волково е отворена истурената канцеларија на Oпштината. Тоа може да се потврди и од увидот на интернет страницата на Општината каде што е објавена информација со наслов „Промоција на истурената канцеларија во Волково“ објавена на 21 декември.

Дека е отворена канцеларијата се потврдува и во извештајот за почнати и реализирани проекти на општина Ѓорче Петров – Започнати и реализирани проекти (ноември 2017 – јануари 2018) стр. 11 објавена на интернет страницата на Општината.

Информации за отворање на истурената канцеларија е објавена и во медиумите.
Макфакс на 21 декември објави информација со наслов „Жителите од руралните делови на Ѓорче Петров добија мини Општина во Волково“ во која има и изјава на градоначалникот на Општината Александар Наумовски.

Имајќи ги предвид горливите проблеми со кои се соочува руралниот дел од општината, како што ветивме, денеска ја промовираме истурената канцеларија на Ѓорче Петров во населеното место Волково која ќе ги опфаќа потребите и барањата на граѓаните од Кисела Јабука, Ново Село, Стопански Двор, Никиштани, Кучково, Волково, Орман и Пржина.

Од увидот направен на интернет страната на Општина Ѓорче Петров, како и извештајот на Општината за започнати и реализирани проекти за периодот ноември 2017 до јануари 2018 година, како и информациите објавени во медиумите може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот александар Наумовски дадено во неговата изборна програма дека ќе отвори истурена канцеларија на општината во Волково е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција