Пензионерите се возат бесплатно и во недела
ПРОЕКТ: БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ТРАНСПОРТ ВО ГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за старите лица, Владата во соработка со градот Скопје до сега овозможи бесплатен превоз во градскиот јавен сообраќај во Скопје во вторник, петок и сабота. Преку овој проект ќе се овозможи досегашната бесплатна услуга за превоз на пензионерите да се прошири и да важи и во недела. Со ова ќе се креираат услови за рамномерно распределување на бројот на патници (пензионери) кој што сега е сконцентриран во деновите кога тој е бесплатен за пензионерите. На тој начин ќе се создадат услови за намалување на метежот во јавниот сообраќај и ќе се подобри животот на пензионерите. (Рок: 2014 – КОНТИНУИРАНО)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Од јуни 2014 година пензионерите имаат бесплатен градски превоз и во недела. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма „Проверено“ (2014-2018) во делот „Земја на еднакви можности за сите“ (Достоинствен живот за пензионерите стр.191).
На 20 јуни медиумите пренесоа соопштение од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од каде информираат дека:
Од оваа недела, 22.06.2014 година, пензионерите ќе добијат и четвртиот бесплатен ден за возење со автобусите на ЈСП
Оттаму велат дека покрај вторник, петок и сабота право на слободен превоз во недела имаат сите возрасни граѓани со навршени 62- години за жени и 64- години за мажи. Бесплатниот превоз може да го остварат со покажување на лична карта.
ИЗВОРИ:
- Извор: Проверено – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014-2018) (Достоинствен живот за пензионерите стр.191) [Пристапено: 27.10.2016]
- Тајм.мк (20.06.2016): Пензионерите бесплатно во автобусите на ЈСП и во недела [Пристапено: 27.10.2016]
- Нетпрес (20.06.2016): Пензионерите бесплатно во автобусите на ЈСП и во недела [Пристапено: 27.10.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар