Побивање на теориите на заговор околу „предвидувањата“ во „Californication“ на Red Hot Chili Peppers

Песната стана кластер од теории на заговор како на пример: „Земјата е рамна”, „Човекот никогаш не стапнал на Месечината”, „Масони”, „Видовити шпиони”, „Лажни космонаути” и многу други

 

Толкувањето на песната „Californication“ на култните The Red Hot Chili Peppers, како да содржи предвидувања за тоа што се случува денес во светот. Таа стана кластер од теории на заговор како на пример: „Земјата е рамна”, „Човекот никогаш не стапнал на Месечината”, „Масони”, „Видовити шпиони”, „Лажни космонаути” и многу други.

Поентата е во тоа што оваа песна беше популарна пред повеќе од 20 години, а ова е спотот од песната тематски направен како видео игра:

Едно од видеата што ги преставува споменатите моменти со теории на заговор е следново:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ۦۦۦۦۦۦ ۦۦۦ (@drocero)

Секако, оваа песна привлече големо внимание своевремено, но денеска се анализираат текстот/стиховите и на погрешен начин се носат во релација со одредени тврдења. Анализираме неколку референци од овој тип:

Стиховите: „Psychic spies from China Try to steal your mind’s elation” – знаењето во модерната психологија, научно тврди дека телепатијата и видовитоста се, или илузионизам со трикови или измама за пари. Овој стих бил инспириран од жена што викала на улица за наводни видовити шпиони од Кина, а Ентони Кидис, пејачот на групата, откако го видел тоа, го вметнал во текстот кога ја пишувал песната. А крадењето информации нема врска со „телепатија”.

Стиховите „It’s the edge of the world in all the western civilization”, пак, реферираат на тоа дека ако се продолжи вака, ќе настапи „крај на светот”, а споменувањето на „работ на Земјата”, не е никаков доказ за „рамна Земја“. Написот над платоновата академија не бил за џабе: „Кој не знае геометрија нека не влегува тука.” Основен доказ е дека при иста плоштина од сите геометриски тела топката има најголем волумен. Затоа и природно „небесните тела” имаат форма на топка или се стремат кон неа, затоа и меурите од сапуница имаат таква форма. Да не го спомнуваме основниот доказ што се учи во 6. одделение за постепеното исчезнувањето на јарболот на брод што плови накај хоризонтот. Исто така ја препорачуваме книгата „Космос” од Карл Саган како и истоимената телевизиската серија за стекнување основни познавања на астрономија. Во споменатата книга и серија го има и примерот за мерењето на Обемот на Земјата од Ератостен со „поставување стапови и мерење на нивните сенки” пред околу 2200 години уште во антика. Жално е што има толку многу луѓе заведени со псевдонаука наместо со вистинска наука, кои допрва почнаа “да веруваат во Рамна Земја” со таканаречени “докази” за “свод” од “Библијата”. Најголемото исмевање на рамна земја има во Дисксвет книгите од Тери Прачет за кои имаме напис и овде.

Стиховите „Space may be the final frontier but its made in a Hollywood basement” – не се однесуваат на теоријата на заговор дека „Стенли Кјубрик снимил лажно слетување на Месечината” или снимки од „Лажни космонаути”. Во видеото е земена подводна тренинг програма и преставена како нешто што не е. Космонаутите прават вежби во вода за да симулираат бестежинска состојба и тоа го прават во базени, нешто што е извртено во горенаведеното видео. Напротив, се однесуваат на телевизиската научно-фантастична серија Star Trek каде првата фраза на секоја епизода од серијата е „Space, The Final Frontier” и ова е референца дека серијата е снимана во холивудско студио oсловено како “холивудска визба” во песната. Слетувањето на месечината е реално и има и голем број мисии од кои најпозната е Аполо Програмата а и за други патувања или обиди имаме повеќе документирани написи што може да ги прочитате овде.

Друга референца со научна фантастика ја има во стиховите „And Alderon’s not far away -it’s Californication” се однесува на филмовите и литературата од Star Wars каде Алдерон е планетата на принцезата Леа која бива разнесена од злобната Империја во Филмовите. Секако ова е имагинарно и е пример за уништување на планета што е извртено навидум да значи нешто друго односно предвидување што нема врска со реалноста.

Стиховите „Little girls from Sweden dream of silver screen quotations” погрешно се поврзува со Грета Тунберг, како таа да е единствен детски амбасадор, заштитник на човековите права.

Стиховите „Pay your surgeon very well to break the spell of aging / Celebrity skin is this your chin or is the war you’re waging” – пластичните операции се „заштитен знак” на Холивуд. Ги имаше и пред 20 години, тоа што се уште актуелни не е ништо ново. Ентони Кидис во својата автобиографија насловена Scar Tissue зборува и за тоа како откако лицето му било унаказено во собраќајна несреќа и со пластична операција му направиле реконструкција според негова фотографија од 18 годишна возраст кога бил постар од тоа.

За сите други стихови има добро обработени реални објаснувања на следниот линк од Genius Lyrics, страница каде го има текстот на песната и може да се истражуваат и други песни, во контекст на нивното потекло и значењето на стиховите.

Гитаристот на групата Red Hot Chili Peppers – John Frusciante дури скоро призна дека мелодијата за песната е преземена од песна од The Cure. За ова постои видео што може да се види овде.

Очигледно е дека самата песна се однесува на американизацијата и влијанијата на Холивуд, а поврзувањата со теории на заговор само ги потхрануваат невистините. Сето ова има негативно влијание при изучувањето на науката и одржувањето на здрава и нормална, разумна перцепција за работите, па оттаму од исклучително значење е да се побиваат ваквите теории со цел да се дојде до вистината.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција