Порталб: Непотребна медиумска хиперболизација и глорификација на руска воена опрема

Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк.

Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк.

 

На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news Media” ги информира читателите дека Русија претстави нов борбен дрон. Во хиперболизираниот наслов дронот ни е претставен како „ѕвер на небото“ чија цел е да ги заштити интересите на руската држава од Америка. Меѓутоа, содржината на текстот, во ниту еден момент не му ги претставува на читателот тврдењата изнесени во насловот на медиумскиот производ. Содржината е сиромашна со информации и не дава релевантни извори за информациите што му ги прикажува на читателот.

„Русија веќе има објавено уште една верзија на својот нов борбен дрон, кој се подготвува за првата демонстрација на летот. Претсериската конфигурација на Рускиот „Сухој С-70 Охотник“ беше откриена во Воздухопловното претпријатие Новосибирск за време на посетата на рускиот заменик министер за одбрана Алексеј Криворучко. Според податоците од отворените извори, дронот има тежина на подигање од 20 тони и може да развие брзина од околу 1000 km/h. Сериските испораки на дронот за војската ќе започнат од 2024 година“ – параграфот е сè што авторот му нуди на читателот, кој ќе кликне на објавата со бомбастичен наслов.

Додека во коментарите на објавата има остар јазик кон авторот, кој непрофесионално го велича изгледот на борбената опрема на една држава, треба да загрижува големата бројка на оние кои ја лајкуваат објавата. Истата собра околу 90 коментари и 380 реакции, од кои на 325 корисници на Фејсбук им се допаѓа содржината.

Сепак, „веста“ што беше споделена на страницата „N-news media“, во време кога започнаа тензиите во Казахстан или во време кога Русија и се заканува на Украина, не е нешто ново за меѓународната јавност. Истиот дрон првпат беше претставен во 2011 година и оттогаш се работи на негово унапредување.

Што е „Сухој С-70 Охотник“?

Во средина од декември 2021 година Русија претстави ново видео на дронот наречен „Сухој С-70 Охотник“. Првиот лет на овој дрон беше објавен на 7 август 2019 година,од страна на руското Министерство за одбрана. Охотник, што значи „Ловец“, е беспилотно воено летало. Тоа значи дека се работи за дрон кој може да изврши смртоносни напади, како и да служи како електронски набљудувач за време на војна или битка.

Сепак, развојот на дронот „Охотник“ започна во 2011 година, а првпат се појави во јавноста на 23 јануари на фотографиите споделени на руските социјални мрежи додека трактор го влече летечкиот дрон во Новосибирск, Сибир. Потоа, на 14 мај, Охотник беше фотографиран во објектот Чкалов за време на посетата на претседателот Владимир Путин.

Сателитските фотографии открија дека дронот е доста голем, со крила широки приближно 19 метри. Истиот е тежок 20 тони, а неговата максимална брзина е во високиот субсоничен опсег. Пространото тело на дронот има два внатрешни простори со капацитет за повеќе од два тона оружје или специјализирана опрема и се претпоставува дека има доволно гориво што може да му овозможи на дронот радиус поголем од околу 6.000 km.

Конфигурацијата на летечкото крило на рускиот UAV (unmanned aerial vehicle) и моторот вграден во трупот имаат неверојатна сличност со дронот на Американските воздухопловни сили RQ-170, чие постоење беше јавно признаено дури откако беше заробен од Иран и потоа беше широко проучуван од Русија.

 Проруска пропаганда

Авторот намерно или ненамерно спровел пропаганда што ја фаворизира Русија. Тој се обидува да ја прикаже оваа држава како супериорна и воено помоќна во однос на друга, во овој случај во однос на Америка. Со оглед на контекстот на тензиите меѓу Америка и Русија во текот на годините, авторот e наклонет кон Русија, зголемувајќи ја улогата на овој дрон и го нарекува „ѕвер“ со тенденција овој „ѕвер“ да наштети и да прогласи победа над немоќните – во овој случај Америка. Авторот нема ниту една информација за борбената способност што ја поседува Америка, за да понуди целосна рамнотежа во информациите и сликите за можностите на двете земји, барем за можностите на воздушните сили – или беспилотните летала, за да може јавноста потоа да процени кој може да има воена супериорност.

Проблемот со оваа вест лежи и во тоа што буди емоции, во случајов – страв од евентуален напад на Америка која се претставува како држава агресор, а од друга страна Русија се претставува како нападната држава која мора да се брани, но дека поседува такво оружје што ќе обезбеди дури и победа над напаѓачот.

Објавената содржина е во спротивност и со некои точки од Новинарскиот етички кодекс

Со намерно или ненамерно објавување на ваков медиумски производ, авторот прекршува некои основни принципи на Новинарскиот етички кодекс. Еден од принципите на новинарството, нарушен во содржината што ја рецензираме е:

„Улогата на новинарите е да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во преносот на информации, новинарите мора да бидат чесни, објективни и точни“.

Значи, без оглед на личните размислувања или коментари на новинарот за време на известувањето, тие треба да се остават на страна и да се известува објективно. Некои од етичките вредности кои авторот на оваа содржина треба да ги има на ум се:

Начинот на информирање во случаи на непогоди, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски процеси треба да биде ослободен од сензационализам.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција