Порталб: Никој не рекол дека крајот на светот ќе биде во март 2026 година

Фото: скриншот

Оваа публикација се состои од паушална и сурова претпоставка, и не нуди никаква конкретна целина, а пак сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели. Постојат многу начини кои се користат за манипулирање со масите, а меѓу најпознатите е манипулацијата со крајот на светот или апокалипсата што секогаш се користи кога авторите имаат за цел да генерираат масовни кликови

Оваа публикација се состои од паушална и сурова претпоставка, и не нуди никаква конкретна целина, а пак сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели. Постојат многу начини кои се користат за манипулирање со масите, а меѓу најпознатите е манипулацијата со крајот на светот или апокалипсата што секогаш се користи кога авторите имаат за цел да генерираат масовни кликови, пишува Порталб

Од Ферикан Иљази Арифи

Текстот што го рецензираме, во насловот го има последниот „датум“ на овој свет, за кој, авторот проценува дека е – 16 март 2026 година. Но, за ваквите застрашувачки и сериозни предвидувања тој нема дадено никаква логична поддршка освен општо повикување на „традиционалните религии“. Насловот е сензационалистички и привлекува внимание. Истиот најавува некаков ненаучен и непотврден став и ги поттикнува читателите да кликнат, што најверојатно и била идејата.

Сликата е само за илустрација, без да може да се види дали се работи за метеор или астероид (за кој и се зборува во текстот).

„Поинаку наречен „Армагедон“, крајот на постоењето на животот на Земјата го предвидуваат сите свети книги, на кои се засноваат традиционалните религии… пишува во текстот што го рецензираме.

Но, овде не пишува ниту која религија, или која света книга, го предвидела 16 март како ден на крајот на светот, особено ако се земе предвид дека сметањето на времето не било исто кога биле прогласени светите книгите за повеќето конфесии.

Се забележува дека стандардите на новинарството не се почитувани, односно не се даваат одговори на клучните прашања кои треба да се од насловот. Наместо тоа, даден е нејасен цитат, кој не е ни прецизно идентификуван.

Авторот манипулира со читателите со тоа што ги поттикнува да кликнат на видео кое сега и не постои, а тоа е показател дека текстот бил за кратка употреба, како и сите лажни вести кои генерираат кликови, дезинформираат и потоа бришат.

„Следете го видеото за да дознаете за што се работи: Ве покануваме да ја отвориме рекламата за неколку секунди и ќе се појават ексклузивните слики… “ пишува понатаму во текстот.

За овој вид манипулации проследени со видеа или фотографии можете да прочитате во Прирачникот за медиумска едукација на проектот за Критичко размислување.

Новинарот секогаш треба да внимава, бидејќи текстот го читаат и луѓе кои веруваат во се што ќе прочитаат. Во такви случаи истиот може да предизвика проблеми. Но, во Северна Македонија никој не ни размислува за тоа.

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција