Портокалова шминка врз извештајот на ММФ

press24_mk_mmf-so-povisoki-prognozi-za-makedonskata-ekonomija-CROP-RESIIZE

[Рецензија: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија]

Основниот проблем со оваа куса вест: „ ММФ со повисоки прогнози за македонската економија, е што има селективен пристап во прикажувањето на податоците. Фактички, таа прикрива  информации и во јавноста креира една нереална  слика за „зајакнување“ на македонската економија. Начинот на кој е обработен и пласиран овој материјал, вклучително и насловот, укажува на намерата да се пофали актуелната Влада. А, сето тоа ставено во контекст на актуелниот политички момент добива призвук на маркетиншка содржина во изборни цели.

_press24_mk_mmf-so-povisoki-prognozi-za-makedonskata-ekonomijaЛинк до оригиналниот напис: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија

Датум и време на објавување: 09.04.2014

Датум на рецензирање:  10.04.2014

Рецензент:  Оливера Војновска

 

СПИН

Написот се потпира на извештај на Меѓународниот монетарен фонд. Нема сомнение дека потадоците во него се точни, впрочем, истите ги пренесоа речиси сите медиуми . Во што е тогаш проблемот? Прилично проблематично е тоа што од проекцијата  на ММФ дека „бруто домашниот производ годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто“, во првата реченица од веста се прави конструкција:

Меѓународниот монетарен фонд предвидува зајакнување на македонската економија годинава

што претставува класичен спин. Имено,  прогнозата на монетарците за зголемување на растот на БДП за 0,2 отсто во однос на претходната анализа,  неименуваниот автор на веста наменски ја чита како  „зајакнување“ на македонската економија.

Веста содржи уште две реченици, во кои се кажуваат предвидувањата на ММФ за растот на БДП за наредниот период, и, притоа, се нагласува  дека освен Косово, сите други земји во регионот ќе имаат помал раст од Македонија.

Но, никаде во веста не се споменува дека ММФ оценува оти во земјата и натаму ќе расте долгот на Владата, а невработеноста бавно ќе се намалува. 

За годинава се предвидува долг на Владата од 35 отсто од домашниот бруто производ (БДП), со тенденција на натамошен раст. Така во 2018 година долгот ќе достигне скоро 49 отсто од БДП.
Според ММФ, годинава Македонија ќе ја заврши со стапка на невработеност од близу 29 отсто, а во 2015 таа треба да се намали на 28 проценти. Во 2018 година, пак, стапката на невработени треба да изнесува 25,9 отсто. Земјава, според последната прогноза на ММФ, ќе оствари раст од 3,2 отсто. 

што можеше да се види во извештаите на дел од медиумите. Впрочем, не е тешко да се претпостави, зошто се прмолчени овие, за нас важни информации.

 

ПОЛИТИЧКА БОЈА

Извор на информации е Извештајот на ММФ за изгледите на светската економија. Но, неговите проекции се користат за создавање привид дека Владата води успешна економска политика. И, иако, се работи за материјал од само неколку реченици, сепак,  од содржински аспект е нецеловит, бидејќи прикрива битни податоци. Ваквиот  пристап се коси со првиот амнадман од Кодексот на новинарите, каде меѓу другото е наведено:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци ….

А, со тоа што на читателската публика не и се соопштуваат сите податоци, кои значително влијаат на вистинитиста и на тежината на самата информација, се покажува наклонетост кон владејачката партија.   Материјалот  е дозиран со коментаторски елементи кои  имаат значајна улога во шминкањето на веста.

Во коментаторски  манир е скроен и насловот, кој е претенциозен и емитува еден нереален оптимизам. Практично, спинот почнува уште со пораката во насловот: „ММФ со повисоки прогнози за македонската економија.“

И што уште да се каже за овој непрофесионално сработен  материјал, кој наместо да биде чисто информативен и објективно да ги пренесе  проекциите на ММФ, сосема непотребно добил политичка боја – портокалова.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција