Пошта не продава изгубени пакети за 123 денари

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата. На страницата има и информации за контакт, адреса, како и линк до официјалната веб-страница на Пошта на С. Македонија. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава дека може да се купи изгубен пакет за 123 денари

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата. На страницата има информации за контакт, адреса, како и линк до официјалната веб-страница на Пошта на Северна Македонија. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава дека може да се купи изгубен пакет за 123 денари

 

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се вели:

Специјална понуда од Пошта Македонија! Купувајте изгубени кутии со различни производи само за 123 македонски денари. Ова е вашата можност да добиете убави награди по пристојна цена. Побрзајте, количината е ограничена! Кликнете на линкот за повеќе информации и за направување на вашата порачка.

Објавата која е доста вирална на Фејсбук, го користи логото на Пошта на Северна Македонија, но името е различно (Пошта Македонија), поради што и отвора сомнеж за нејзината веродостојност.

Кога ќе стиснете на копчето кое објавата ви го нуди за да ја направите нарачката, тоа ве носи на посебна веб-страница на која ве чека пораката:

Секоја чест!

Вие учествувате во промоцијата Македонска пошта!

Годишни депозити на Македонска пошта Изгубените пакети се собираат заедно. Според правилата Македонска пошта, овие предмети може да се испорачаат на поединци само во замена за одредена сума 123 MKD. Внатре, ќе најдете стоки кои се движат од електроника и предмети за домаќинството до додатоци и подароци.

Подоле се нуди анкета со три едноставни прашања кои доколку ги одговорите точно, ве носи на нова страница каде треба да отворите три подароци.

На еден од трите обиди, ви се појавува фотографија со разни подароци, по што се бара да ги внесете вашите лични податоци за испорака на подарокот. Покрај личните податоци, како име и презиме, град и адреса, се бара да се внесат податоци и од банкарска сметка за да ја платите пратката од 185 денари.

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има само 24 следбеници (во моментот на нашата рецензија) и на неа нема никакви информации и други објави.

За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата. На страницата има информации за контакт, адреса, како и линк до официјалната веб-страница. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава за можност да се купи изгубен пакет по цена од 123 денари. Од сето ова, јасно е дека станува збор за лажна наградна игра.

Корисниците на социјалните мрежи треба да бидат исклучително внимателни доколку им се ветува награда од профил или страница на социјалната мрежа Фејсбук во којашто нема други содржини, освен тие објави, доколку нешто како фонтот или името на страницата отстапува, или содржи печатни грешки, доколку не се оставени контакти и адреси на бизнисите итн.

Поради сето ова, објавата ја оценуваме како неточна.

 

****** Дополнување

Во текот на денот (по објавувањето на рецензијата), на официјалната Фејсбук страница на Пошта на Северна Македонија беше објавено известување дека на социјалната мрежа Фејсбук е злоупотребено името на Пошта на С. Македонија:

Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб-страница која испраќа пораки.
Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Северна Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден.
Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница.
Потсетуваме дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција