Прикажување на младите како „инвалидизиран“ дел на општестовото

FireShot-Screen-Capture-130-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID74466_U0KNDKJQxK1-crop-resize

[Рецензија на напис/ТВ прилог:

107 евра повеќе годишно за секој пензионер во 2014]

Дали перспективата на Македонија е во пензионерите, или пензионерите се перспективни гласачи на актуелната власт и затоа треба да се потсетат што сé владата направила и ќе прави за нив. Притоа, отворено е маргинализирана младата генерација која според содржината на овој текст во иднина, наместо да го понесе товарот на општеството, својата перспектива треба да ја гледа во „паразитирање“ врз зголемените пензии на своите родители.

Да не е тажно би било смешно.

FireShot Screen Capture #130 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=74466#_U0KNDKJQxK1Линк до оригиналниот напис: 107 евра повеќе годишно за секој пензионер во 2014

Датум и време на објавување: 05.04.2014

Датум на рецензирање: 07.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ИНВАЛИДИЗИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Основата на новинарството е објективноста, ако се изгуби објективноста се губи смислата  на новинарската проферсија. Во овој случај можеби се објективно прикажани зголемувањата на пезиите во последните осум години. Објективноста, па и „здравиот разум“ се изгубени во прикажувањето на младата генерација како „инвалидизираниот“ дел на општестовото:

„Пензионерите веќе втор месец имаат повисоки примања за 600 денари, растот значително  го подобрува нивниот животен стандард, особено ако се знае дека голем дел од нив ги издржуваат помладите генерации во своите семејства“. 

Јасно е дека овде не се работи за малолетни деца кои природно треба да ги издржуваат родителите, туку за млади луѓе и цели млади семејства кои се во најпродуктивниот период од животот, а благодарение на околностите во кои живеат се на терет на пензионираните родители.

Наместо, кога веќе ги спомнува, тоа да го отвори како општествен проблем, текстот меѓу редови лобира и кај невработените млади луѓе, кои се издржувани од родителите, да гласаат за таквата политика. Бидејќи, по автоматизам, со зголемувањето на пензиите ќе се зголеми и нивниот „паразитски“ стандард.

 

НА ПОГРЕШЕН КОЛОСЕК

Спинот и манипулативната вест започнува уште во насловот кој е преточен и во текстот и наведува на погрешен заклучок дека пензионерите оваа година ќе добијат 107 евра повеќе на пензијата, иако се работ,и всушност, за вкупното зголемувње на пензијата осум години наназад. „107 евра повеќе годишно за секој пензионер во 2014“ . Спинот во полза на владејачката политика продолжува во стилот на „телешопинг“ и тоа не е се:

„Освен порастот на примањата, стандардот на пензионерите се подобрува и со други мерки кои им заштедуваат пари, како на пример бесплатен јавен превоз, бањска рекреација на државен трошок, поевтини лекови“…според министерствот за труд примањата на пензионерите во просек се зголемени за  62 проценти“.

Ова покажува како еден новинарски производ може да биде спротивен на дефиницијата на журналистиката . Од новинарот се очекува да истражува, да биде критичен, прокативен, да поттакнува јавна дебата за темите од општествен интерес. Да ја свртел пирамидата и на врвот да го поставил проблемот на младата генерација, која е присилена да живее на товарот на пензионираните родители, овој новинарски производ би заслужил позитивна рецензија. Вака заминал на погрешен колосек.

ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ

Пропаганден материјал кој се однесува крајно поданички кон власта со поддршка на владините политики и при тоа не само што запоставува една многу важна и перспективна категорија на население, туку ја сведува на издржувана категорија, која и во иднина ќе треба да зависи, да се радува и да гласа за зголемувањето на пензите на своите родители за да има од што да живее.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција