Призраци, сеништа и зомби-креатури како медиумски содржини

02082015-Kurir-ToniM-crop-resize

(Рецензија: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!)

Три различни целини треба да се разликуваат кога треба да се проценат професионалните стандарди на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија.

Една е приватната содржина на профилот на една од социјалните мрежи на лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вториот е, исто така, приватната содржина на една проминентна личност од нашата уметничка средина, и третиот елемент е медиумската содржина која ја пронашла врската меѓу првите две и од тоа прави медиумска содржина.

Во последните години на обесчестување на професионалните стандарди на македонското новинарство, се изнагледавме, изнаслушавме и се изначитавме бласфемии кои претендираат да се промовираат како новинарство. И оваа содржина е една од тие. Ама, додека трае тоа хулење на професијата и на јавниот дискурс, должност на стражите на добриот вкус и на професионалните етички стандарди е да бидат будни.

02082015-Kurir-ToniMЛинк до оригиналниот напис: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!

Датум и време на објавување: 08.02.2015

Датум на рецензирање: 11.02.201

Рецензент: Зоран Бојаровски

Првите два елементи не се проблем. Приватниот профил на некоја социјална мрежа е место за искажување на приватни ставови. Се разбира, не сакаме да игнорираме дека личностите од проминенција, познатите личности со авторитет или стручност, на своите профили можат да објавуваат информации, мислења, коментари од интерес за пошироката јавност. Тоа е доволно некој медиум, врз основа на една таква информација, да формира медиумска содржина. Но, она што треба да биде испочитувано е, прво, таа информација навистина да биде од интерес за јавноста, и, секако, не помалку важно, „пакувањето“ да се спроведе според професионалните медиумски принципи.

Ништо од овие препораки не се огледува во медиумската содржина што ја рецензираме, а која се прикажува како новинарство на интернет-портал, кој мора да има одговорност зашто е еден од најчитаните.

Наместо тоа, имаме афирмација на нетрпеливост на личносен план, сеирџиство и аматерско политичко алапачење.

Тоа не се информациски содржини од интерес за јавноста и, соодветно на тоа, не заслужуваат да бидат третирани медиумски.

Но, како што веќе рековме, со години наназад се соочуваме со призраци, сеништа, зомби-креатури кои се прикажуваат како медиумски содржини и, како такви, треба да бидат оценети и именувани.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција