Рамстор не продава елки за 123 денари

Фото: Принтскрин ФБ пост

На официјалната Фејсбук страница на Рамстор која има повеќе од 80 илјади следбеници и редовно објавува за промоциите и акциите во нејзините маркети, нема објава со акција за елка од 129 денари. Наместо тоа, има предупредување за оваа лажна наградна игра

На официјалната Фејсбук страница на Рамстор која има повеќе од 80 илјади следбеници и редовно објавува за промоциите и акциите во нејзините маркети, нема објава со акција за елка од 129 денари. Наместо тоа, има предупредување за оваа лажна наградна игра

 

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се вели:

Неверојатно ниски цени! 123 динари за вештачка елка во Рамстор! Само за жители на Македонија. За да нарачате, одете на веб-страницата со кликнување на копчето подолу.

Објавата споделува и фотографија од новогодишни елки на кои е закачена цената од 123 денари, но на неа никаде не се гледа логото на Рамстор.

Кога ќе стиснете на копчето за да нарачате, се појавува логото на маркетите Рамстор и порака во која се вели:

Секоја чест! Учествуваш на промоција на Рамстор! Распродажбата за крајот на годината веќе почна! Ramstore одлучи да направи 100 среќни луѓе со промоција каде цената на вештачката јелка со димензии 210 x 130 см е само 123 MKD. Оваа промоција е валидна само во Македонија. Посетете ја анкетата за да потврдите дека сте вистинска личност заинтересирана за вештачка елка 210 x 130 cm.

Подоле ви се нуди анкета со три едноставни прашања кои доколку ги одговорите точно, ве носи на нова страница каде треба да отворите три подароци на кои се наоѓа логото на Рамстор.

На третиот погодок ви се појавува порака дека сте добитник на елка, по што се бара да ги внесете вашите информации за испорака на подарокот. Покрај личните податоци, како име и презиме, град и адреса, се бара да се внесат податоци и од банкарска сметка за да ја платите елката од 123 денари.

На оваа страница која има околу стотина следбеници, едиствено што пишува како податок е дека е од Рим, Италија и на неа можат да се забележат и објави за продажба на лаптопи и мобилни телефони, а има промоција и на елки во Еквадор по цена од 3 долари.

Очигледно е дека станува збор за лажна фејсбук страница и за лажна наградна игра.

Вистиномер отиде на официјалната Фејсбук страница на Рамстор која има повеќе од 80 илјдаи следбеници и таа редовно објавува за промоциите и акциите во нејзините маркети. Но, објава со акција за елка од 129 денари, не успеавме да најдеме.

Наместо тоа, најдовме предупредување за оваа лажна наградна игра.

Почитувани потрошувачи, на социјалните мрежи се појавува профил кој пласира лажна информација за продажба на производи кои немаат никаква поврзаност со Рамстор. Сите тековни активности и понуди на Рамстор маркетите може да ги најдете на нашите официјални страни, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на Рамстор.

 

Корисниците на социјалните мрежи треба да бидат исклучително внимателни доколку им се ветува награда од профил или страница на социјалната мрежа Фејсбук во којашто нема други содржини, освен тие објави, доколку нешто како фонтот или името на страницата отстапува или содржи печатни грешки, доколку не се оставени контакти и адреси на бизнисите итн.

Поради сето ова, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција