Ратко Димитровски: Изградба на 42 социјални станови

vmro-dpmne„Ќе обезбедиме соодветни услови за почнување со изградба на станбен комплекс наменет за корисници на социјална помош. За таа цел ќе пристапиме кон инфраструктурно и комунално уредување на просторот. Во соработка со Владата на Република Македонија ќе се почне изградба на еден станбен објект со 42 стана во населбата Драчевик. Средства: 36.900.000 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија [Рок: 2013–2014 година]

 

Образложение:

 

На 31 октомври 2014 година претседателот на општинската организација на СДСМ од Кочани, Сашко Костов на прес-конференцијата што се одржа во населбата Драчевиќ  ја критикуваше актуелната власт за неисполнетото ветување кон граѓаните околу изградбата на станбена  зграда со  социјални станови.

„Овде во населбата Драчевиќ, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Ратко Димитровски ветија изградба на 42 социјални станови. Еве, како што можете да видите, становите никаде ги нема. Едно големо ништо колку овој рид се ветувањата дадени од владејачката партија. Министерот Јанакиевски пред локалните избори дојде овде во Кочани и на граѓаните им вети дека наскоро ќе започне изградбата на социјалните станови. На два месеци пред крајот на рокот кога веќе требаше да бидат готови, изградбата на становите не е ниту почната“, рече Костов [Пристапено на: 25.03.2015]

 

Новинската агенција МЕТА на 25 март 2015 година објави вест, дека социјалната зграда што  требаше да биде готова до декември 2014 година, сѐ уште не почнала да се гради.Според раководителот на кочанската подружница на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Анче Трифунов, почетокот на проектот е објавен, а во тек е постапката за избор на изведувач на градежните работи. [Пристапено на: 25.03.2015]

 

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција