Реконструирана детската улица „Тоше Проески“

Пешачката патека е широка 7 метри, а долга 550 метри. Фото: Принскрин Општина Аеродром

 

Проект: Изградба на пешачка патека – продолжување на детската уличка Тоше Проески во средишното јавно зеленило во делот на населба Јане Сандански и реконструкција на постојната улица Тоше Проески во Ново Лисиче

Опис на проектот: Реконструкција и изградба на уличка Тоше Проевски со осветлување и урбана опрема. (Средства: 38.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)

 

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Пешачката патека „Тоше Проески”,   е реконструирана и пуштена во употреба во септември 2013 година.  Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Комунални работи, стр. 36).

Градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски  на 18.9.2013 година, официјално ја пуштија во употреба реконструираната детска улица во Ново Лисиче на која се собираат и дружат младите од целата Општина . Градоначалникот Конески тогаш изјави:

Со реконструкцијата на детската улица „Тоше Проески“, која на повеќе места беше оштетена, граѓаните добија поубаво место за прошетка, одмор и релаксација. (Коневски)

Пешачката улица „Тоше Проески“ е наведена  меѓу реализираните проекти  во Отчетот на Коневски за 2013 година (стр.12), каде, меѓу другото, е напишано дека:

Пешачката патека е широка 7 метри, а долга 550 метри. Детската улица е поплочена со мермерни коцки и гранитни плочи, на кои се изгравирани јунаци од цртаните филмови. Патеката е комплетно осветлена, а поставена е и урбана опрема, поточно клупи и канти за отпадоци.

Покрај патеката се изградени 96 жардиниери со хризантеми и зимзелени растенија, кои ги донираше Град Скопје, преку јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција